Општина Богданци                                                                                          

Оддржана дводневна противпожарна oбука во Oпштина Богданци

Општина Богданци во партнерство со Мировниот корпус Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје во рамки на проектот ,,Natural Disaster Preparedness and Response Training” успешно спроведе дводневна противпожарна обука за универзалната единица за заштита и спасување на општина Богданци, како една од активностите во самиот проект.

Проектот се состои од четири активности : Ажурирање на универзалната  единица зазаштита и спасување, Набавка на противпожарна опрема, Дводневна противпожарна обука за универзалната единица за заштита и спасување и Disaster Reduction day еден вид на настан/презентација за противпожарна заштита наменета за учениците во основно образование

Проектот,,Natural Disaster Preparedness and Response Training” е соработка на општина Богданци и Мировниот корпус Македонија, вкупниот буџет на проектот е 3265 усд.

      

 
 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УПОТРЕБА НА ЗЕОЛИТОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И МЕДИЦИНАТА

Почитувани,

На ден 13.05.2018 година (недела), во Домот на  културата во Богданци, со почеток во 12 часот ќе се одржи презентација на тема:

 „ Употреба на зеолитот во земјоделството како еколошки  подобрувач на почвата и природно ѓубриво и заштита на растенијата од болести и штетници“ и

претставување на најдобрите производи од зеолит за употреба во земјоделско произвотство на храна и примена  на зеолитот за подобрување на човечкото здравје.

 Предавачи :

1. Светлана Пантовиќ -  инжинер за заштита на растенија,  вработена Контролор во подружница на I ZEOLIT  од Белград

2. Милица Грчева- Мими - Генерален застапник за зеолит и производи од зеолит управител на I ZEOLIT од Скопје

3. Катица Тасева- инжинер агроном, вработена во ДИЗ и член на повеќе хуманитарни и невладини организации кои се борат за органско производство на храна и здрава животна средина.

Лице за контакт: 

Јованка Ампова - Општина Богданци

моб.078 321 586

Општинско корисна работа 2018 во општина Богданци

Општина Богданци е во подготвителна фаза за аплицирање во проектот Креирање можности за работа за сите 2 и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2018 програма општинско корисна работа 2018.

Затоа во фаза на избор на приоритетите односно кои социјални и/или други услуги сметаме дека се најпотребни во Oпштина Богданци се решивмеи оваа година за користење на алтката Моја општина.

Преку оваа алатка граѓаните рамноправно  ќе можат да учествуваат во  изборот  на подпрограма и изборот на услугите со кои ке се аплицира во овогодинашната програма  Општинско корисна работа 2018.

Резултатите од користењето на оваа алатка ке бидат замени во предвид при конечната анализа и изготвувањето на апликациониот формулар за ОКР 2018.

Во прилог ви доставуваме и линк за користење на оваа веб алатка

http://moja-opstina.mk/

ПОЧИНА ПРВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Со жалење ја примивме веста за смртта на г-дин Ѓорѓе Петрушев - првиот Градоначалник на Општина Богданци.
Постојат нешта кои што не сакаме да се случат,но мораме да ги прифатиме и луѓе со кои сме живееле,а од кои мора да се простиме.
Го упатуваме нашето најдлабоко сочувство до фамилијата. 
Почивај во мир!
Градоначaлник на Општина Богданци, Блаже Шапов.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981340

Посетители

1556319
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1510
1620
9889
41518
1556319

Server Time: 2018-05-26 19:44:10

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com