Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ОСМИ СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА

Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од името на Советот на Општина Богданци , дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.

На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.

Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември.

Со почит,

Градоначалник, Блаже Шапов

ДОИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА ВО СЕЛО СТОЈАКОВО

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци започна со работа на доизградба на канализационата линија за „Фериева Мала“ во с.Стојаково. Работите се одвиваат на полскиот пат Стојаково, м.в. „Каменот“.

Ги известуваме жителите на село Стојаково дека на наведениот полски пат градежните активности може да траат три дена, почнувајќи од денес, 10.08.2018 година, што значи дека истиот нема да биде прооден.

Општината  и понатаму продложува со активностите за целосно покривање на домаќинствата со фекална канализација на територијата на Општина  Богданци.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1126068

Посетители

1773227
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
380
1109
4763
35169
1773227

Server Time: 2018-09-20 05:25:17
Joomla template by Joomlashine.com