Општина Богданци                                                                                          

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „БОГДАНЦИ“ БОГДАНЦИ НА ТЕМА „ГО САКАМ БОГДАНЦИ “

Согласно Програмата за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2016 год, број08-2501/5од 28.12.2015година(„Службен гласник на Општина Богданци“бр.15/15), Општина Богданци објавува :

ЛИТЕРАТУРЕНКОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „БОГДАНЦИ“ БОГДАНЦИНА ТЕМА
„ГО САКАМ БОГДАНЦИ

 

Предмет и цел на конкурсот :

На 10-ти Октомври секоја година го одбележуваме Денот на општината, денот кога е ослободено Богданци, кога сонот на оние што го дале својот живот за слободата стана стварност.

По тој повод, општина Богданци распишува конкурс кој има за дел учениците преку своите литературни творби да ја изразат својата креативност и преку поезија или проза да ни ја искажат љубовта кон своето место на живеење.

Право на учество

Право на учество имаат сите ученициод прва до четврта година од  СОУ „БОГДАНЦИ“-Богданци.
Доставените литературни  творби треба да содржат порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „ГО САКАМ  БОГДАНЦИ“.

Секој ученикима право да учествува со по еден труд.

Изборот на најдобрите литературнитворби ќе го изврши комисија за оценување на трудот составена од три члена, и тоа еден претставник од општинската администрација, еден претставник од ЈОУДК „Бранд Петрушев“ Богданци и еден претставник од СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци.

Комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици.

Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот  на 10 – ти Октомври, Денот на општината и тоа на свеченоста организирана по повод овој ден во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци.

 

Награди:

Првонаградениотученикна литературниот  конкурс ќе добие3000,00 денари еднократно.
Второнаградениотученикна литературниотконкурс ќе добие 2000,00 денари еднократно.
Третонаградениотученик на литературниот  конкурс ќе добие1000,00 денари еднократно.

Права на општината :

Општина Богданциго задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените литературнитрудови за некомерцијални цели.

Со најдобрите литературнитрудови ,Општина Богданциќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во градот.

Доставување на трудовите:

Секој учесник својот труд треба да го достави во затворен плик и истиот треба да содржи податоци за идентификацијата на испраќачот (име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикоти име на училиштето).

Адресата на која треба да се достават трудовите е:
О
пштина  Богданци

Ул. „Маршал Тито“ бр 62
Или лично во архивата  на Општина Богданци

НАЈДОЦНА ДО 05.10.2016  ГОДИНА (СРЕДА) ДО 12.00 ЧАСОТ.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат  на тел. 034/222-333, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или во просториите на ОпштинаБогданци .

 

                                                                                   Градоначалник на општина Богданци

                                 Анастасија Олумчева

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48
Joomla template by Joomlashine.com