Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 

Општина Богданци започна со реализација на програмата Општинско корисна работа 2016

     Општина Богданци во рамки на проектот “Креирање на можности за работа за сите и поддршка на владата во спроведување на оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за 2016” – Програма Општинско корисна работа 2016 започнува со реализација на проектот „Подадена пријателска рака кон најранливите” (грижа за стари и изнемоштени лица, грижа за лица со посебни потреби)„ Во овој проект партнери на локално ниво се Општинското здружение на пензионерите Богданци и Мегуопштинскиот центар за социјални услуги Гевгелија.
     Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Програмата, исто така, преку обезбедување на услуги од социјални сфера треба да помогне на лица од ранливи категории на територијата на локалната самоуправа или нејзин дел.
      Во Општина Богданци оваа Програма се реализира преку ангажирање на 3 (три) невработени лица кои спаѓаат во категоријата невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година, во времетраење од 6 месеци почнувајќи од 15 Септември 2016 година. Ангажираните лица ќе пружаат услуги од социјалната сфера односно грижа на стари лица услуга наменета за Стари лица членови на ОЗП Богданци и болни и изнемоштени стари лица жители на општина Богданци и грижа на деца со посебни потреби услуга наменета за Децата со посебни потреби згрижени во дневниот центар за деца со посебни потреби Гевгелија.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com