Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 

ОБУКА ЗА НАПРЕДНИ IT ВЕШТИНИ ОД АВРМ

ЈАВЕН ОГЛАС         
до
евидентирани невработени лица

Се повикуваат евиденираните невработени лица – активни баратели на работа, да се пријават најдоцна до 31.12.2016 година во работните клубови на Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени за Обука за странски јазици со сертификати (БУЛАТС).

Критериуми кои треба да ги исполнуваат невработените лица за учество во обуките се:
• лицата заинтересирани за учество во обуката да се од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ        
• Лицата корисници на оваа мерка треба да имаат познавање од странски јазик и ќе бидат претходно тестирани од страна на обучувачкиот центар за проверка на знаењето.


Предвидено е обуките да се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 5 (пет) кандидати за посетување на настава кои го поминале процесот на селекција.

Времетраењето на обуката е до 3 месеци 2 пати неделно со 90 минути обука. Полагањето на завршниот испит треба да се реализира во рок од еден месец од завршување на обуките. По успешниот завршен испит учесниците се упатуваат да подигнат ваучер за полагање на сертификатот Булатс во соодветниот центар за вработување.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата, полагаат завршен испит и добиваат можност за полагање на меѓународно признат јазичен сертификат БУЛАТС.На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.


Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување, или на контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk .

Се повикуваат евиденираните невработени лица – активни баратели на работа,  да се пријават најдоцна до 31.12.2016 година во работните клубови на Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени за Обука за странски јазици со сертификати  (БУЛАТС).

Критериуми кои треба да ги исполнуваат невработените лица за учество во обуките се:

 лицата заинтересирани за учество во обуката да се од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ

 Лицата корисници на оваа мерка треба да имаат познавање од странски јазик и ќе бидат претходно тестирани од страна на обучувачкиот центар за проверка на знаењето.

Предвидено е обуките да се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.

Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 5 (пет) кандидати за посетување на настава  кои го поминале процесот на селекција.

Времетраењето на обуката е до 3 месеци 2 пати неделно со 90 минути обука. Полагањето на завршниот испит треба да се реализира во рок од еден месец од завршување на обуките. По успешниот завршен испит учесниците се упатуваат да подигнат ваучер за полагање на сертификатот Булатс во соодветниот центар за вработување.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата, полагаат завршен испит и добиваат можност за полагање на меѓународно признат јазичен сертификат БУЛАТС.

На корисниците на социјална помош  за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување, или на контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com