Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Црква " Свети Атанасиј Велики" - Богданци

 

    Првичната црква во ова населено место била изградена во првата половина на 19 век, која со текот на времето неколкупати била обновувана главно со парични прилози на месното христијанско православно население.
    Во 1983/84 година е изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел.

ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

logo otvorena porta               Сава Ковачевиќ 1а,Скопје, Р.Македонија logo otvorena porta

Teл/Факс: 02/2700-107/367, СОС 0800 11111

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , www.lastrada.org.mk

 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за избор за најдобра новинарска статија на тема
ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.  

Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 5 октомври 2017 до 24 часот, имаат можност да аплицираат за наградата.
Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.

Новинарските статии  треба:

• да ја обработуваат темата трговија со луѓе и да претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор;
• да претставуваат синтеза од повеќе проверени извори
• да имаат свое  влијание врз јавноста/или да предизвикале општествена акција
• да ги запазат етичките стандарди

За најдобрите новинарски статии ќе  бидат доделени парични награди од:

  • 1 награда  450 евра

  • 2 награда  350 евра

  • 3 награда   250 евра

Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во Отворена Порта најдоцна до 5 oктомври 2017 до 24:00 часот.
 

По пошта или лично да се достават до: Отворена Порта, ул.„Сава Ковачевиќ“ 1а, 1000 Скопје
или по електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Доколку имате потреба дополнителни информации Ве молиме да не контактирате на:
076 221 157 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Контакт лице: Христина Христова

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
728002

Посетители

1186424
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
638
1895
7682
31465
1186424

Server Time: 2017-10-21 08:36:33
Joomla template by Joomlashine.com