Општина Богданци                                                                                          

Соопштение

           Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека, согласно Роковникот за извршување на дејствијата за спроведување на Референдум на локално ниво во Општина Богданци на 11.06.2017 година, избирачот кој не се во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа, за тоа треба да ја извести Општинската изборна комисија Богданци најдоцна до 04 јуни 2017 година (недела) до 24:00 часот.

               Известувањето, кое е во прилог на ова соопштение треба да се пополни и достави во  просториите на Општинска изборна комисија Богданци  (општинска зграда, први спрат- спроти ЈП „Комунална чистота“-Богданци).

               Истовремено, Ве известуваме дека согласно Упатството за гласање на немоќни или болни лица од Државната изборна комисија, едно лице може да биде полномошник и да поднесе известување за гласање најмногу за две лица.

            Канцеларијата на ОИК Богданци ќе биде отворена во текот на целата недела, а за време на претстојниот празник (петок 02 јуни) ќе работи во следниот термин: 12-18 часот.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Полномошно за болни и немоќни

 

Со почит,

Општинска изборна комисија Богданци

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
656273

Посетители

1067777
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
102
1336
6775
28291
1067777

Server Time: 2017-07-23 02:32:23
Joomla template by Joomlashine.com