Општина Богданци                                                                                          

ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на компостери

 

Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

·         Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;

·         Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;

Потребни документи за пријавување се:

1.    Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк:http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на  ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.

2.    Копија од лична карта/пасош;

3.    Копија од имотен лист(за луѓето кои живеат во град).

 

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Тел: 071 251 205

Е-мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:

Општина Богданци

Јованка Ампова

078 321 586

Општина Босилово

Стојан Милчев

071 998 253

Општина Валандово

Катерина Николов

078 565 659

Општина Василево

Георги Цонев

076 444 617

Општина Гевгелија

Мите Кречев

072 227 159

Општина Дојран

Катерина Кадиева

071 382 863

Општина Конче

Ацо Митев

075 496 017

Општина Ново Село

Туше Стојанов

075 356 565

Општина Радовиш

Роберт Донев

075 309 370

Општина Струмица

Томислав Андреев

075 395 914

 

 

* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.

 

*Имотниот лист, не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk/prebmk/


Пријава за доделување на компостер

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
777677

Посетители

1269726
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
127
1747
3939
18970
1269726

Server Time: 2017-12-13 03:29:37
Joomla template by Joomlashine.com