Општина Богданци                                                                                          

ЈАВЕН ОГЛАС

 
 
 
 
 
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017година се објавува:
 
Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во 
Програмата Општинско - корисна работа
 
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
 
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
 
- млади лица до 29 години со ниски квалификации
- жртви на семејно насилство
- деца без родители и родителска грижа
- самохрани родители
- Роми
- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
 
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
 
- Хигиеничар (Одржување на хигиена во домовите  услуга наменета за старите и изнемоштените лица)
- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)
- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)
 
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија во периодот од 14.09.2017година до 19.09.2017година.
 
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданци и избраните кандидати.
 
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданци кај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Даница Гавриловска,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
777677

Посетители

1269726
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
127
1747
3939
18970
1269726

Server Time: 2017-12-13 03:29:37
Joomla template by Joomlashine.com