Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека третата седница на Советот на општина Богданци е закажана за ден 06.12.2017 година (Среда) со почеток во 15.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

На седницата ќе се работи по следниот     

  ДНЕВЕН  РЕД

 

1.      Разгледување на Извештај за резултатите од гласањето на Локалните избори на територијата на Општина Богданци одржани на ден 15.10.2017 година;

2.      Предлог-Одлука за определување надоместок за трошоците на организаторите на изборната кампања за локалните избори 2017 година;

3.      Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот на изборните органи за извршената работа во изборниот процес за Локалните избори 2017 година, на подрачјето на ОИК Богданци;

4.      Предлог-Одлука за давање на времено користење на просторија во сопственост на Општина Богданци;

5.      Разгледување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2017 година;

6.      Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2017-30.06.2017 година;

7.      Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2017-30.09.2017 година;

8.      Разгледување на Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2016/2017 година;

9.      Разгледување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2017/2018 година;

10.  Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;

11.  Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием  на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;

12.  Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;

13.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.1324/1 и КП бр. 1324/2);

14.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.168/2);

15.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.5198 и КП бр.8169);

16.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.10973);

17.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.191);

18.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.11317/1);

19.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Стојаково со бесправно изградени објекти (КП бр.7452);

20.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Стојаково со бесправно изградени објекти (КП бр.7732);

21.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.8780/1, 8780/2 и 8753);

22.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр.9834/1);

23.  Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 8626);

24.  Предлог – Решение за разрешување на членови во Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

25.  Предлог-Решение за именување на членови во Управен одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

26.  Предлог – Решение за именување на член во Надзорен орган на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

27.  Предлог-Решение за разрешување и именување на член  во Управниот одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;

28.  Предлог-Решение за разрешување и именување на член  во Надзорниот орган на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;

29.  Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;

30.  Предлог-Решение за разрешување на член во Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци;

31.  Предлог-Решение за именување на членови во Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци;

32.  Предлог-Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на Здравен Дом-Гевгелија:

33.  Предлог-Решение за формирање на комисија за разгледување на барања за социјална парична помош;

34.  Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2018 година.

35.   Советнички прашања

Истата може да ја проследите во живо на следниот You tube канал: https://www.youtube.com/channel/UCD0CQMnCCARc9UUgAW6RAgg?disable_polymer=true.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1128580

Посетители

1777595
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1287
1846
9131
39537
1777595

Server Time: 2018-09-22 09:45:38
Joomla template by Joomlashine.com