Општина Богданци                                                                                          

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Врз основа на член  21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Богданци, го издава следното:                                   

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Богданци, дека се распишува: 

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови.

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) за период од најмалку 30 дена од објавата за сите заинтересирани физички и правни лица.

  • Во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член 7, став 1, точка 2,  алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или Урбанистичко планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае 30 дена, сметано од објавата во јавно гласило
  • Јавниот повик ќе биде објавен во Службен гласник на Општина Богданци, на web страницата на општината www.bogdanci.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник.
  • Заинтересираните правни и физички лица, иницијтивите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Богданци или во  електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи
  • Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Богданци за 2018 година
  • Средствата за прифатените иницијативи за изработување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17
Joomla template by Joomlashine.com