Општина Богданци                                                                                          

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОЖС НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ПАРК НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16  и 97/17) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Сл.весник на РМ“ бр.147/08), Градоначалникот на Општина Богданци

И Н Ф О Р М И Р А

     за одржување на  јавен увид и јавна расправа по  Нацрт  извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Проект за инфраструктура за изградба на ветерни електрани, пристапен пат, далековод и трафостаница, Општина Богданци.

   Се информира јавноста дека е ставен на увид и јавна расправа  Нацрт  извештај за Стратегиска оцена на животната срдина на Проект за инфраструктура за изградба на ветерни електрани, пристапен пат, далековод и трафостаница, Општина Богданци.

   Нацрт Извештаотј за Стратегиска оцена на животната средина на Проект за инфраструктура за изградба на ветерни електрани, пристапен пат, далековод и трафостаница, Општина Богданци, изложен е во соба бр.5 во просториите на Општина Богданци(зграда „Изворски“) приземје, секој работен ден од 08 до 16 часот, почнувајќи од  23.02.2018 година до  25.03.2018 година.

  Јавната расправа ќе се одржи на ден12.03.2018година (понеделник), во 13:30 часот, во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково.

  Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Нацрт извештајот за Проект за инфраструктура за изградба на ветерни електрани, пристапен пат, далековод и трафостаница, Општина Богданци до Општина Богданци-Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, соба бр.5, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на оваа информација.

  Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина и истите можете да ги испраќате на адреса на Општина Богданци: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта Општина Богданци, ул. „Маршал Тито“ бр.62 Богданци.

Нацрт - Извештај за СОЖС на проект за инфраструктура за изградба на ветерни електрани, пристапен пат, далековод и трафостаница

Мислење по Нацрт - Извештај за стратегиска оцена на животната средина

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1054547

Посетители

1659055
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
188
1840
8252
37952
1659055

Server Time: 2018-07-20 02:56:57
Joomla template by Joomlashine.com