Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

ЛЕСС

Записник од Состанок со НВО за номинирање на членови и заменици на ЛЕСС оддржан на 22.12.2014

Записник од Состанок со БЗ за номинирање на членови и заменици на ЛЕСС оддржан на 24.12.2014

Одлука за формирање на ЛЕСС

Записник од состанокот за потпишување на спогодбата за ЛЕСС оддржан на 29.12.2014

Спогодба за формирање на ЛЕСС во општина Богданци

Список на членови на ЛЕСС на општина Богданци

Записник од состанок на членовите на ЛЕСС оддржан на 14.07.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 14.07.2015

Деловник за работа на Локален Економско Социјален Совет на општина Богданци

Записник од состанок на ЛЕСС оддржан на 11.09.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 11.09.2015

Записник од состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015

Барање/иницијатива до Градоначалник и Совет од состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015


      

   

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА АКЦИЈАТА САДНИЦА ПЛУС

   

 Почитувани,

Ве известуваме дека и оваа година ќе се спроведе акцијата „Садница плус“, како дел од пролетната акција „Ден на дрвото“.

Со акцијата се опфатени основните училишта од прво до осмо одделение.

Акцијата ќе се реализира на 12-ти Мај 2014 година, Понеделник, на одделенски час.

Ви посакуваме успешна акција.

ОПШТИНА БОГДАНЦИ АПЕЛИРА ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ

 Се известуваат граѓаните на Општина Богданци кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса и данок на имот дека општинската администрација ги доставува решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2014година.Се молат физичките и правните лица уредно да ги примаат даночните решенија и решенијата за комунални такси и навремено да ги регулираат своите обврски спрема општината за 2014 година. Во спротивно, истите ќе бидат зголемени за износот на затезна камата за ненавремено плаќање, утврдена со закон како и со други дополнителни трошоци за превземените мерки за присилна наплата.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во општина Богданци, Одделение за финансиски прашања или на телефонскиот број 034/222-335.

Исполнете ги Вашите законски обврски спрема општината, бидејќи со Вашата совесност придонесувате за изградба на нова инфраструктура и развој на  истата.

ВО СОУ БОГДАНЦИ ОДДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ И ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ

Општина Богданци во соработка со Советот за јавно здравје денес, 25.04.2014 година со почеток во 13:00 часот во СОУ „Богданци“ на учениците од втора година им оддржаа здравствено-едукативно предавање на тема: Репродуктивно здравје и полово преносливи болести. Предавањето беше оддржано од страна на д-р Софија Аврамова, член на Советот за јавно здравје на општина Богданци.

Д-р Аврамова посебен акцент стави на превентивната здравствена заштита, пренесување на сексуалните болести, инфекциите кои се пренесуваат преку размена на телесни течности, бактериски и вирусни инфекции, трихомонијаза, кандидијаза, компликации, заштита и превенција.

НАМАЛУВАЊЕ НА ИСПУШТАЊЕ НА НО3 ПРЕКУ НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА СО РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ

Во периодот од Март 2014 до Март 2015 година во Гевгелија и Богданци ќе се спроведува проектот Намалување на испуштање на НО3(PОPs) преку намалување на пластична амбалажа со рециклирање во Гевгелија и Богданци. Проектот ќе биде реализиран од страна на НВО “Поддршка”во соработка со Општина Гевгелија и Општина Богданци како и комуналните претпријатија од двете општини. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), НВО “Поддршка”и двете општини. Проектот е со вкупен буџет од 22.124 американски долари, од кои 11.062 долари се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението на граѓани Поддршка, општините Гевгелија и Богданци и соодветните јавни комунални претпријатија.

Целта на проектот е преку предавања во основните и средните училишта и воспоставување систем за собирање на ПЕТ амбалажа, да се намали отпадната пластика, а со тоа и испуштањето на неразградливите органски загадувачи – НОЗ во општините Богданци и Гевгелија.

 

 

НА СОСТАНОК СО НВО РАЗГЛЕДАНИ И УТВРДЕНИ ПРЕДЛОГ ОПЕРАТИВНИТЕ НАСОКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА

На состанокот оддржан денес во салата на Советот на општина Богданци со претставниците на граѓанскиот сектор, се разгледаа и утврдија предлог Оперативните насоки за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Богданци преку Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој  во 2014 година.

На истиот е договорена измена во Прилог 2  -  АНЕКС КОН ЈАВНИОТ ПОВИК, Посебни услови за реализација на грантови наменети за здруженија на граѓани и фондации во Општина Богданци и тоа:

Точката 6 - За префрлањето на одобрените средства носителот е должен да отвори посебна подсметка за потребите на проектот, целосно се брише бидејќи предизвикува дополнителни трошоци кај граѓанските здруженија, а на нејзино место се става нова точка која гласи: Доколку при рангирањето на предлог проектите има повеќе предлог проекти со ист број на бодови, изборот ќе се изврши по пат на ждрепка со присуство на претставници од исторангираните проекти.

На состанокот се донесе Заклучок со кој се задолжува одделението за ЛЕР да ги достави Оперативните насоки до Градоначалникот и Советот на одобрување и усвојување.

Прилог: Заклучок

 

ЕДНОГОДИШНА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ СО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ГЕВГЕЛИЈА

  Секој Петок во периодот од 11:00-14:00 часот претставници од Министерството за труд и социјална политика, Центар за социјални работи Гевгелија во соработка со  општина Богданци престојуваат во дисперзирана канцеларија во општината.

Во оваа дисперзирана канцеларија граѓаните од општината веќе една година добиваат  услуги од областа на социјалните работи, со што ги избегнуваат непотребните  патни трошоци и губење време. 

Резултати од едногодишната соработка:

·         Доделен стан на дете без родители,

·         Доделени 80 Решенија за право на помош и нега од друго лице,

·         15 Решенија за остварување на право на социјална парична помош,

·         11 Решенија за остварување на право на додаток за мобилност и слепило и     

·         1 Решение за остварување на право на Постојана парична помош.

Голема Благодарност до Директорот и вработените во Центарот за социјални рабити Гевгелија.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981228

Посетители

1556163
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1354
1620
9733
41362
1556163

Server Time: 2018-05-26 17:38:46
Joomla template by Joomlashine.com