Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

ЛЕСС

Записник од Состанок со НВО за номинирање на членови и заменици на ЛЕСС оддржан на 22.12.2014

Записник од Состанок со БЗ за номинирање на членови и заменици на ЛЕСС оддржан на 24.12.2014

Одлука за формирање на ЛЕСС

Записник од состанокот за потпишување на спогодбата за ЛЕСС оддржан на 29.12.2014

Спогодба за формирање на ЛЕСС во општина Богданци

Список на членови на ЛЕСС на општина Богданци

Записник од состанок на членовите на ЛЕСС оддржан на 14.07.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 14.07.2015

Деловник за работа на Локален Економско Социјален Совет на општина Богданци

Записник од состанок на ЛЕСС оддржан на 11.09.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 11.09.2015

Записник од состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015

Список на присутни на состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015

Барање/иницијатива до Градоначалник и Совет од состанок на ЛЕСС оддржан на 15.12.2015


      

   

Соопштенија

Подготовка на Критериуми за НВО од општината за учество на Јавните повици за финансирање на локални микропроекти

  Во тек е изработка на целокупната документација со критериумите и условите за учество на НВО од општина Богданци за користење на средства од Буџетот на општината обезбедени во рамки на ПРОГРАМАТА за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој  во 2014 година, во точка

1. Поддршка на невладините организации (граѓанскиот сектор) и месните заедници, под-точка

1.1 Финансирање на локални микропроекти од различни области; 

Изготвените правила одделението за ЛЕР ќе ги претстави пред заинтересираните НВО и со евентуални дополнувања и измени ќе ги поднесе до Градоначалникот и Советот на општина Богданци после што ќе започнеме со постапката за објавување на Јавните повици.

 

ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ОПШТИНСКИ СТРАТЕГИИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ОДДРЖАН Е СОСТАНОК ЗА МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА

Во рамките на Проектот на УСАИД Општински стратегии за климатски промени, на 09.04.2014г. во Општина Богданци се одржа состанок за мониторинг и евалуација на процесот и активностите кои беа спроведени. За таа цел во Општина Богданци беше присутен г.Jerphaas Donner, основач на Милиеуконтакт Интернационал во Холандија,кој одржа средба со локалниот координатор, координаторите на работните групи и граѓани кои учествуваа во изработката на стратешкиот документ.

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени е финансиран од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД,го спроведува Милиеуконтакт Македонија, а партнери во изготвувањето на стратешкиот документ се Општина Богданци и Мрежа за рурален развој на РМ.

Овој проект се спроведуваше преку Mетодот на Зелена агенда кој е развиен од страна на Милиеуконтакт Интернационал и служи за развивање и спроведување на локални стратегии за одржлив развој, преку активно учество на јавноста во процесите на одлучување и решавање на конкретни еколошки проблеми.

Во текот на Проектот на УСАИД Општински стратегии за климатски промени се спроведоа активности за изработка на стратешкиот документ со активно учество на жителите на Општина Богданци, спроведување една Итна акција - изолација на кровната конструкција на ЈОУДГ „Коста Поп Ристов - Делчев“ и градење и зајакнување на капацитетите на локалното население.  

 

 

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА НА ТАУРУС ФАРМС ВО БОГДАНЦИ

 

Денес во Богданци официјално беше прославено реализирањето на првата фаза од откупно дистрибутивниот центар од страна на Германската компанија Таурус фармс со ладилници во површина од 500м2 и високо модерен органски овоштарник на површинаЗАВРШИ  од 15ха.

Плантажата е направена по моделот на интензивно одгледување на овошје во Германија и Јужен Тирол. Станува збор за високо интензивен насад, шпалирски систем, систем за наводнување и нова технологија на заштита со мрежа  со Keep in touch систем.

Во последните неколку недели инвеститорот изјави дека започнале со подигање на дополнителни 30ха органски овоштарници во Прдејци и Милетково по истиот систем. На земјиштето во Паљурци направен е бунар и извадена е вода со што се создадени услово за понатамошни 45ха.

Со досегашната инвестиција се отворени 10 постојани работни места и се вработени 120 сезонски работници.

Крајна цел се 500 хектари овошен органски насад, 2500м2 CA ладилници и преработувачки капацитети, кои создаваат услови за дополнителни вработувања.

 

ОД ПОДНЕСЕНИ ВКУПНО 1343 БАРАЊА, ИЗДАДЕНИ 226 РЕШЕНИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

     Постапувајќи согласно одредбите од Законот за бесправно изградени објекти, Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и јавни дејности на Општина Богданци од вкупно 1343 поднесени Барања досега има издадено 226 Решенија за утврдување на правен статус, 5 решенија за одбивање на барања и 12 Заклучоци за запирање на постапката поради повлекување на Барање.

      Барателите кои сé уште немаат доставено Геодетски елаборат истиот треба да го достават најдоцна до 31.12.2015 година, во спротивно надлежниот орган ќе го одбие барањето за утврдување на правен статус.

     Согласно измените на законот, само имателите на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради – тераси и тераси пренаменети во станбен простор кои немаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, а на кои објекти заклучно со 3-ти Март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект најдоцна до 30-ти Јуни 2015 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВНИТЕ И ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ КОРИСТАТ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ПРЕД ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат потреба од користење на  јавни површини, заради поставување на сезонска опрема за вршење на трговија од мал обем или угостителска дејност (летни бавчи), пред своите деловни објекти на територијата на општина Богданци да достават Барање до општина Богданци најдоцна до 15 април 2014 година заради добивање одобрение за користење на јавна површина.

После овој рок ќе се врши редовна контрола и ќе се превземаат мерки предвидени со закон за противправно користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност.

При вршење на надзорот доколку се утврди дека корисникот на јавната површина нема одобрение, општинскиот орган ќе го задолжи со Решение да ја отстрани опремата од јавната површина во рок од два дена.

Во случај опремата да не се отстрани во определениот рок истата ќе ја острани надлежната служба на општината.

При непочитување на условите утврдени во одобрението, истото на корисникот ќе му биде одземено.

Образецот на Барањето може да го превземете на следниот линк:

Барање за користење на простор пред деловен објект

 

НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

  (СИЛЕН ВЕТЕР, КРАТКОТРАЕН ОБИЛЕН ДОЖД, НАГОЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРАТА)

      Согласно дописот од РЦУК Гевгелија, утре,25.03.2014 година, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд,на планините од снег а на некои повисоки места во западните деловиод дожд и снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава. 

Локално е можна појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи а не е исклучена ниту појава на град. Ќе дува умерен а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 км на час.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981228

Посетители

1556163
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1354
1620
9733
41362
1556163

Server Time: 2018-05-26 17:38:46
Joomla template by Joomlashine.com