Општина Богданци                                                                                          

Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Почитувани,

Отворените денови на Градоначалникот, за прием на граѓани од населените места на општина Богданци, месечно ќе се одвиваат по следниот распоред:

            - секој ПРВ ВТОРНИК во месецот, прием на граѓани / отворен ден во населено место Стојаково, од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Месната Заедница во Стојаково

            - секој ВТОР ВТОРНИК во месецот, прием на граѓани / отворен ден во населено место Ѓавато, од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Основното училиште во Ѓавато

            - секој ТРЕТ ВТОРНИК во месецот, прием на граѓани / отворен ден во населено место Селемли, од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Основното училиште во Селемли

            - секој ЧЕТВРТ ВТОРНИК во месецот, прием на граѓани / отворен ден во населено место Богданци, од 10:00 до 12:00 часот, во кабинетот на Градоначалникот

            Сите останати денови, прием на граѓани вршат вработените во општинската администрација, задолжени за односи со јавност:

            Даринка Минова, контакт тел: 078 321 532

            Вангелица Ванчева, контакт тел: 078 321 562

            Се замолуваат граѓаните да се придржуваат на дадениот распоред, со цел ефикасно и ефективно работење на општинската администрација и успешно одговарање на граѓанските потреби и барања.

 

Со почит,                                                                                                                                                                                                  Општина Богданци                                                                                                        

УЧЕНИЦИ ОД ООУ ПЕТАР МУСЕВ ЈА ПОСЕТИЈА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Во рамки на наставните активности  денес ученицитеод четврто одделение од ООУ Петар Мусев, заедно со своите одделенски раководители, ја посетија општина Богданци.Учениците ги разгледаа кабинетот на Градоначалникот, работните простории на администрацијата како и салата на Советот на општина Богданци.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со функционирањето, составот и надлежностите на Локалната самоуправа во Општината.

ОДБЕЛЕЖАН УШТЕ ЕДЕН ДЕН ОД АКЦИЈАТА ЗАЕДНО – ЗА НАШИОТ ГРАД

Општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална Чистота“ Богданци започна со изведба на џепови за поставување на контејнери, како дел од предвидените активности од акцијата „Заедно за нашиот град“.

Им благодариме на граѓаните од зграда бр.50 и бр.52 за масовното учество во акцијата која се оддржа во Саботата и ги повикуваме останатите да го следат нивниот пример.

         

Акцијата се одвиваше и покрај обврските на станарите околу одбележувањето на верскиот празник „УМРЕЛО ДЕТЕ ЗА БАНИЦА“.

 

ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

До: Сите Невладини организации кои делуваат на територијата на општина Богданци

 

Согласно Годишната Програма за работа на одделението за ЛЕР планирана е активност со наслов: Финансирање на локални микропроекти од различни области .

Целта на оваа активност е потикнување и проширување на соработката со невладиниот сектор, и подигнување на истата на повисоко ниво.

Оваа активност ја  предлагаме како нова форма на соработка со НВО, заради досегашното искуство на слаба или никаква реализација на предвидени Буџетски средства за поддршка на НВО.

За да можеме да успееме во нашите намери потребна ни е поддршка од Ваша страна со Ваш активен пристап кон воспоставување на поконкретна соработка.

За да го утврдиме Вашиот интерес за започнување на нов начин на соработка, и заради ажурирање на нашата база на податоци која ќе ни помогне за конкретизирање на активностите со Вас и Вашите организации, ние објавивме Јавен повик на 20-ти јануари на web страната на општина Богданци за пополнување на формулар со Ваши основни податоци.

Констатирам со жалење дека ниедна невладина организација до овој момент не достави пополнет формулар.

Бидејќи сме цврсто решени, а заради заеднички интерес, да продолжиме со нашите намери за воспоставување и развивање на цврсто партнерство помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор на територијата на нашата општина, уште еднаш Ве повикуваме за соработка.

Овој повик, заедно со формуларот за ажурирање на податоците, овој пат ќе  Ви го доставиме или по пошта или по електронски пат, или ќе Ве известиме по телефон, во зависност од тоа со какви податоци располагаме за Вашата организација во овој момент.

Се надевам дека ќе го прифатите овој повик за почеток на нова и поинтезивна соработка чии услови ќе ги креираме заедно.

Формуларот за ажурирање на податоците е прикачен на следниот линк:Formular_NVO

 

ОДЛУКА ЗА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

Согласно член 78 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на Р.Македонија бр.40/06, 136/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13 и 14/14), општинитесе должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати, најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите.

Почитувајќи ја законската обврска, општина Богданци ја објавува Одлуката за утврдување на местата за истакнување на изборни плакати на подрачјето на Општина Богданци, донесена од Советот на 09.06.2006 година.

 

Врз основа на член 78 и 79 од Изборниот законик („Службен весник на РМ“ бр. 40/06) и член 25 став 1 точка 43 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05) Советот на Општина Богданци на седницата одржана на ден 09.06.2006година, донесе

 

О Д Л У К А

за утврдување на местата за истакнување на изборни плакати

на подрачјето на Општина Богданци

 

Член 1

На територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот на изборната кампања се утврдуваат следните места:

            1. Во Богданци

            - просторот помеѓу паркинг просторот на управната зграда на АД „МЛАЗ“  и влезот на ДОБ промет ( „Сточарство“ – Богданци),

            - просторот на раскрсницата на ул. „Крушевска“ и новоизградениот Булевар – запад, на југоисточната страна спрема зградите,

            - на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на Електродистрибуција,

            - на просторот до источниот калкански ѕид на зградата во која е сместена филијалата на Стопанска банка – Гевгелија,

            - на просторот кај фонтаната за вода за пиење на источната страна од црквата.

            2. Во Стојаково

            - просторот кај што се спојуваат патот Богданци – Стојаково со патот до бензинска пумпа „Шимов“,

            - во центарот на  просторот покрај оградата на ресторантот,

            - на просторот кај местото викано „Чекркот“,

            - просторот кај местото викано „Геран“.

             3. Во Селемли

            - на просторот по главната улица на населбата.

            4. Во Ѓавото

            - на влезот на населеното место на просторот од пумпата за вода до некогашниот откупен пункт на Земко,

            - во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.

Член 2

На објектите утврдени во член 1 од оваа одлука се забранува испишување графити, а лепењето плакати да се врши со лепила кои не оставаат трага на објектите.

Член 3

Големината на просторот за истакнување на изборни плакати ќе биде подеднакво утврдена за сите подносители на листи, а редоследот на определениот простор се утврдува со ждрепка.

Член 4

Организаторот на изборната кампања, кој со истакнувањето на изборните плакати ќе предизвика материјална штета на објектите определени за таа намена, должен е истата да ја надомести.

По завршувањето на изборите се задолжуваат субјектите од ставот 1 на овој член да ги отстранат изборните плакати и да го расчистат сметот од нив, во спротивно сметот ќе го исчисти општината на нивна сметка.

Член 5

Одлуката стапува на сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

 

Бр. 07 – 452/6                                                                                                                                                                                                            Претседател

09.06.2006год.                                                                                                                                                                                       на Советот на Општина Богданци

Богданци                                                                                                                                                                                                            Илија Карагошевс.р.

 

 

 

ЗАЕДНО - ЗА НАШИОТ ГРАД

Од 22 февруари (сабота), со почеток од 10:00 часот, започнува акцијата „Заедно - за нашиот град“, која што ја организира општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална Чистота“.

Акцијата опфаќа: чистење на подруми, дворови, јавни површини, кастрење на дрвја и др.

По секое завршено чистење (сабота), можете да се обратите кај Александар Олумчев од ЈП „Комунална Чистота“ за да Ви подели цвеќе за садење во Вашите дворови, на  Вашите балкони итн.

Распоред за текот на акцијата:

ФЕВРУАРИ

МЕСЕЦ

УЛИЦА

ЗГРАДА, БРОЈ

ДРУГО

   22 февруари

Маршал Тито

26

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

22 февруари

Маршал Тито

24

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

МАРТ

МЕСЕЦ

УЛИЦА

ЗГРАДА, БРОЈ

ДРУГО

 

01 март

 

Маршал Тито

 

21

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

 

15 март

 

  Маршал Тито

 

22

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

 

22 март

 

Маршал Тито

 

28

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

 

29 март

 

Крушевска

 

2

Комплекс на згради „Чавдарова Чешма“

 

Доколку акцијата не се реализа по дадениот распоред, а причина за тоа се неповолни временски услови, тогаш истата ќе се изведе во терминот кој следува, заедно со станарите од другата зграда.

Претседателите на заедниците на станари кои не се вклучени во акцијата, можат да се пријават во:

  1. Општина Богданци, зграда „Изворски“, приземје, соба број 4, лице за контакт Јованка Ампова, тел. 034 221 332, моб. 078 321 586 и
  2. ЈП „Комунална Чистота“, лице за контакт : Александар Олумчев, тел 034 221 038, моб.071 207 480

Во месец Март од страна на ЈП „Комунална Чистота“ ќе има изведба на џебови за контејнери.

Распоредот на акцијата ќе се објавува месечно.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17
Joomla template by Joomlashine.com