Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 

Соопштенија

Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло

Со цел да се спречи влез и ширење на болести и штетници кои може да предизвикаат големи економски штети во сточарството, намалена продуктивност на животните и дополнителни трошоци за нивно сузбивање и искоренување, но и да не се нарушува угледот на фармите и да не се изгуби довербата на потрошувачите која може да доведе до намалена продажбата, Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на сточарите преземање на сет од мерки (биосигурносни мерки) кои треба да се применуваат на одгледувалиштето/фармата. Биосигурноста е одговорност на сопственикот (тој треба да направи план за нивно спроведување и истиот да го имплементира), на вработените и на посетителите на одгледувалиштето/фармата. 

Прилог: Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО – ТАКСИ ВОЗАЧ

Согласно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16 I 71/16) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за автотакси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), општина Богданци Ве известува дека ќе спроведе испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 13.05.2016 година (Петок) со почеток во 12.00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Богданци најдоцна до Среда, 11.05.2016година, 12.00 часот.

Соопштение

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр. 08 – 764/13 од 27.04.2016 се известуваат сите жители на општина Богданци што имаат штета од врнежи од град што ја зафатија општината (24.04.2016) да достават до општината:

1. барање за проценка на штета,

2. фотокопија од лична карта,

3. имотен лист или копија од имотен лист,

4. лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп,

5. потврда од лозов катастар,

6. фотокопија од трансакциска сметка.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 10.05.2016. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

 

Комисија за процена и утврдување на висината

на штетата од природни непогоди и други несреќи

Известување за палниран прекин на напојување со електрична енергија 20.04.2016 Богданци

Ве известуваме дека без напојување со електрична енергија на 20.04.2016 од 08:30 до 10:30 часот ќе бидaт сите стопански и нестопански корисници од централниот дел на Богданци (ТС Полиција и ТС Општина), заради интервенција на водот.

Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП

Република Македонија

 

Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП

 

ИПА инвестициски грантови

  MSIP-IPA-NCB-004-16

 

1.     Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2.    Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: „РЕГУЛАЦИЈА НА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ ВО С.СТОЈАКОВО – I ФАЗА “

3.    Општина Богданци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат РЕГУЛАЦИЈА НА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ ВО С.СТОЈАКОВО – I ФАЗА .

4.    Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.        Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: Општина Богданци

Град:Богданци

Поштенски број: 1484

Држава: Република Македонија

Телефон: +0038934222333

Факс: +0038934222333

Електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

6.       Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмено апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од  3.000,00МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 840 104 03182

Приходно конто: 722315

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Богданци.

7.         Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 24/03/2016. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 24/03/2016.

8.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 350,000.00 МКД.

9.       Адреса:Општина Богданци

          Град: Богданци  

          Поштенски број: 1484

          Архива

         Држава: Република Македонија

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ „Коста Поп- Ристов Делчев“ БОГДАНЦИ

Врз основа на Одлуката за обезбедување на средства за субвенционирање на престој на деца во ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ Богданци  бр.08- 2501/21од 28.12.2015 година (Службен гласник на општина Богданци бр.15/2015), Градоначалникот на општина Богданци објавува : 

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ „Коста Поп- Ристов Делчев“ БОГДАНЦИ

Општина Богданци ќе врши обезбедување на остварувањето на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на општина Богданци, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на престој на деца на самохрани родители со месечни примања во висина до 12.000 денари во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов“ Делчев Богданци.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  1.500денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за престој во детска градинкаод1.500денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот имаат лица со статус насамохрани родители на деца до петгодишна возраст  и тоа:

Ø  Невработени или вработени лица со месечни примања во висина до 12.000 денари.

Со барањето за субвенционирање на престој во детската градинка се доставува следната документација:

Ø  Фотокопија од Извод од матичната книга на родените (за дете) ;

Ø  Потврда за невработеност/ потврда за плата;

Ø  Изјава дадена под морална, материјална и кривична одговорност дека лицето, подносител на барањето е самохран родител;

Ø  Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архиватана општина Богданциили преку пошта, на адреса : општина  Богданциул.„Маршал Тито“ бр.62Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 05.02.2016год.

 

Број 04-171/1                                                                                                                                                                           Градоначалник

26.01.2016                                                                                                                                                                           на општина Богданци

Богданци                                                                                                                                                                          Анастасија Олумчева с.р.        

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com