Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Мирче Џочков - општественик и стопанственик

 

    Се родил во 1912 година, починал во 1967 година.Од 1947 година до 1963 година бил раководител на земјоделската задруга "Изворски".
    Иницијатор е за градење на каналскиот систем за наводнување со што во Богданци, од 1954 година се  создадени услови за градинарство и лозарство.
    Под негово раководство се подигаат одрините и ладните оранжерии и се калемат крушките во Паљурци.
 

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО НАЦРТ УПВНМ БОГДАНЦИ, МВ ГОРНИ ЧАИР

Врз основа на член 24 став 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 14/11, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на општина Богданци го издава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од општина Богданци, дека Градоначалникот на општина Богданци донесе Одлука за организирање на

 

Јавна презентација и јавна анкета по

Нацрт-Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на Откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и  дистрибуција во м.в. Горни чаир во КО Богданци вон град, општина Богданци

 

Јавната презентација ќе се организира во салата на Советот на општина Богданци на ден 16.11 2015 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена сметано од денот на објавувањето на соопштението во јавните гласила.

Нацрт-Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на Откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и  дистрибуција во м.в. Горни чаир во КО Богданци вон град, општина Богданци ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина и на огласната табла во општина Богданци на ул.„Маршал Тито“ бр. 62.

Површината на опфатот изнесува 3,1443 ха, и се наоѓа во м.в. „Горни Чаири“ КО Богданци на КП 6608/21, 6608/22, 6608/20, 6608/23, 6608/24, 6608/19, 6610/3, 6611/13, 6611/15, 6611/16, 6624/2, 6634/2, 6634/4, 6634/3, и делови од КП 6608/22, 6624/1, 6634/1, 6611/1, 6611/14,6624/3.

Заинтерисираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења на Нацрт-Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на Откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и  дистрибуција во м.в. Горни чаир во КО Богданци вон град, општина Богданци можат да ги достават писмено на анкетни листови.

Анкетни листови може да се подигнат и достават во архива на општина Богданци.

 

                                                                                                                                                                                                                                    Градоначалник на општина Богданци

                                                                                                                                                                                                                                               Анастасија Олумчева

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УПВНМ БОГДАНЦИ, ЛОКАЛИТЕТ БАРТА

Врз основа на Годишната програма за изработка на Урбанистички планови на општина Богданци за 2015 година, општина Богданци пристапи кон изготвување на Урбанистички план вон населено место  Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4 – производство, дистрибуција и сервиси – индустриска зона, општина Богданци.

Во согласност со Законот за животна средина подготвен е Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план вон населено место  Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4 – производство, дистрибуција и сервиси – индустриска зона, општина Богданци.

За таа цел, Ве информираме дека сите потребни информации за Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план вон населено место  Богданци, локалитет Барта, за намена Г2, Г3, Г4 – производство, дистрибуција и сервиси – индустриска зона, општина Богданци, се достапни во:

Просториите на општина Богданци, во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, соба број 5, телефон 034/221 332.

На web страната на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk

Вашето мислење во врска со Извештајот можете да го испратите на електронска адреса на општина Богданци:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или на адреса на општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.66, 1484 Богданци.

Времето за увид во планскиот документ е од 8:00 до 16:00 часот, во период од 03.11.2015година до 03.12.2015 година.

Како засегната јавност,Ве покануваме да присуствувате на Јавната расправа која ќе се одржи на ден 23.11.2015 година (понеделник) во 12 часот, во просториите на општина Богданци, сала на Совет.

Нацрт Извештајот може да го превземете од следниот линк.

СООПШТЕНИЕ

                Општина Богданци организира јавната трибина по Нацрт-Одлука за комунален ред на Општина Богданци.

                Јавната трибина ќе се спроведе во сите населени места во Општина Богданци и тоа:

-         Во Ѓавото на ден 16.10.2015година во 20.00часот во просториите на ПОУ „Петар Мусев“ во Ѓавото;

-         Во Стојаково на ден 13.10.2015 година во 20.00часот во просториите на месната заедница во Стојаково;

-         Во Селемли на ден 14.10.2015 година во 20.00часот во просториите на ПОУ „Кирил и Методиј“ во Селемли.

-         Во Богданци на ден 15.10.2015година во 19.00часот во салата на Советот на Општина Богданци.

          Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека Нацрт-Одлуката за комунален ред на општина Богданци ќе биде изнесена на самиот собир, а истата може да ја превземете од следниот линк.

            Заинтересираните граѓани на општина Богданци своите мислења, предлози и забелешки по Нацрт - Одлуката може да ги достават во периодот од 13.10 до 19.10.2015 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот во просториите на општина Богданци или на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ;

 

                                                                                                                                                                                                                                                                                  Општина Богданци

                                                                                                         

СООПШТЕНИЕ

Ги известуваме сите заинтересирани граѓани дека на ден 13.08.2015 г (Четврток), Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансисиска поддршка на земјоделството и руралниот развој организираат отворен ден со граѓаните на општина Богданци.

Средбите ќе се оддржат во Богданци, со почеток во 19.00 часот во просториите на СОУ „БОГДАНЦИ“ и во Стојаково, со почеток во 21.00 часот во просториите на Месната Заедница.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
677458

Посетители

1101294
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
969
575
1544
24255
1101294

Server Time: 2017-08-22 14:35:15
Joomla template by Joomlashine.com