Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Атанас Вангелов - писател

 

     Се родил во 1946 година.
     Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. На истиот факултет предавал и бил декан.
     Се појавил како поет, романсиер, драмски автор, есеист, преведувач, публицист, научен работник, универзитетски професор и амбасадор.
    Бил пратеник во собранието на РМ и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
    Бил лектор на Парискиот универзитет.
    За ширење на француската култура Владата на Франција го одликувала со орден.
    Досега издал 10 книги поезија, 1 роман, 2 драми, 9 книги и критики, студии, расправи и есеи и 5 книги преводи.

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр. 08 – 1411/2 од 14.07.2015 се известуваат сите жители на општина Богданци што имаат штета од врнежи од град што го зафатија атарот на с. Стојаково (10.07.2015) да достават до општината:

1. барање за проценка на штета,

2. фотокопија од лична карта,

3. имотен лист или копија од имотен лист,

4. лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп,

5. потврда од лозов катастар,

6. фотокопија од трансакциска сметка.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 20.07.2015. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

 

Комисија за процена и утврдување на висината

на штетата од природни непогоди и други несреќи 

АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО САБОТА НА 18 ЈУЛИ

 Општина Богданци ја информира јавноста дека на ден 18.07.2015г. (Сабота) во раните утрински часови ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци.

Затоа се известуваат сопствениците на пчелни семејстваод подрачјето на нашата општина да ги првеземат потребните мерки на заштитана истите заради можноста од влијание на средството со кое ќе се врши прскањето врз безбедноста на пчелите. Авиопрскањето ќе го изведе фирмата „Бониер“, која ќе врши заштита со авиотретирање од комарци на териториите на сите десет општини во рамките на Југоисточниот плански регион, вклучувајќи ја и општина Богданци.

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО – ТАКСИ ВОЗАЧ

Согласно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за автотакси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), општина Богданци Ве известува дека ќе спроведе по четврт пат испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 20.07.2015 година (Понеделник) со почеток во 12.00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Богданци најдоцна до Среда, 15.07.2015 година, 12.00 часот.

СООПШТЕНИЕ ЗА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ЗА ПЕРИОДОТ 01.01 – 30.06.2015 ГОДИНА

Согласно мерките и активностите кои се превземени за зајакнување на капацитетите за развивање на политики за финансирање на општините и јакнење на капацитетите за финансиско управување, следење на состојбата за напредокот на наплатата на данокот на недвижен имот и нашата општина, општина Богданци е вклучена во таа активност.

Општинската администрација и понатаму работи на подигање на свеста на граѓаните за обврската за плаќање на данокот на имот укажувајќи дека со плаќањето на данокот на имот се подобрува секојдневието на населението.

Упатуваме апел до сите даночни обврзници да продолжат со редовно подмирување на оваа законска обврска.

Во општина Богданци во периодот од 01.01 до 30.06.2015 година од вкупно 2484 издадени даночни решенија за 2015 година, реализирани се приходи во износ од 652.166 денари. Степенот на наплата во овој период изнесува 26%. Што се однесува до правните лица, вкупниот износ на реализирани приходи е 406.470 денари, степен на наплата 35%.

  

СООПШТЕНИЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ЗА ОШТЕТЕНИТЕ ПОВРШИНИ ОД ГРАД КОИ ЈА ЗАФАТИЈУА ОПШТИНАТА НА 24.06.2015

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр. 08 – 1321/8 од 29.06.2015год. се известуваат сите жители на општина Богданци што имаат штета од врнежи од град што ја зафатија општината (24.06.2015) да достават до општината:

1. барање за проценка на штета,

2. фотокопија од лична карта,

3. имотен лист или копија од имотен лист,

4. лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп,

5. потврда од лозов катастар,

6. фотокопија од трансакциска сметка.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 07.07.2015. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

Образецот на барање може да го пополните во општина Богданци а достапен е и на следениот линк

СООПШТЕНИЕ ЗА АВТО – ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИТЕ

Се известуваат вршителите на авто-такси превоз дека е потребно по извршен превоз на лица со статус на бегалец задолжително да вршат дезинфекцијата на возилата со кои е извршен превозот на истите. За извршената дезинфекција, должни се да поседуваат соодветен документ.

Контрола на терен ќе вршат полициските службеници.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
634634

Посетители

1034129
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
573
1085
7913
30805
1034129

Server Time: 2017-06-26 13:41:31
Joomla template by Joomlashine.com