Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Васил Ќортошев - оперски пејач и режисер

 

    Се родил во 1920 година, починал во 1992 година.
    Пеење студирал во Софија и Скопје.
    Во Операта на Македонскиот народен театар во Скопје работи од 1947 до 1980 година. За тоа време остварил повеќе значајни улоги и режии во оперската уметност.
 

Соопштенија

Соопштение

„Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради градежни активности за поврзување на стариот резервоар со новиот резервоар, без вода за пиење ќе останат повисоките зони во Богданци на 12.06.2015 (петок) од 09:00 часот до 13.06.2015 (сабота) до 09:00 часот.“   

 

ЗАПОЧНА АКЦИЈА СО ЗАЛОВУВАЊЕ НА КУЧИЊА СКИТНИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Во изминатиот период Општина Богданци неколкупати на различни начини ги информираше сопствениците на домашни миленици дека секое куче кое ќе се забележи слободно да се движи на територијата на општината ќе се смета за куче -скитник и соодветно ќе биде третирано согласно законските прописи.

Од денес правното лице Анри Вет Стојаково започна со заловување на кучињата – скитници на територијата на општина Богданци.

Од овие причини,  потребно е сите сопственици на кучиња на територијата на нашата општинасвоите миленици да ги згрижат во сопствените дворови или домови согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Во спротивно, домашните миленици ќе бидат третирани како кучиња скитници и истите ќе бидат заловени од избраното правно лице.

Акцијата на заловување на домашни миленичиња кои не се соодветно згрижени кај сопствениците , ќе продолжи континуирано во текот на целата година. Затоа повторно -апелираме до сите сопственици да ги врзуваат своите миленици и да се грижат за нив во рамките на законските прописи.

Контрола на терен ќе вршат комуналните редари и ќе следуваат казни врз сопствениците на миленици кои се пуштени слободно да шетаат.

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ДО НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Врз основа на Договорот за соработка склучен помеѓу општина Богданци и УНДП Бр. 03-561/5 од 15.05.2015 а за потребите на Проектот „Промовирање на одржливи вработувања 4 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување 2015“-Општинско-корисна работа, Општина Богданци,

ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

до невработени лица (активни баратели на работа) кои се заинтересирани своето вработување привремено да го решат со учество во

Општинско-корисна работа

Грижа за стари и изнемоштени лица и грижа за лица со посебни потреби

 

1.      Се повикуваат невработените лица кои се заинтересирани своето вработување привремено да го решат со ангажирање воопштинско-корисна работа, грижа за стари и изнемоштени лица и грижа за лица  со посебни потреби да се пријават во центарот за вработување Гевгелија – дисперзирана канцеларија Богданци.

2.       На Јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

-          Млади лица до 29 години со ниски квалификации

-          Жртви на семејно насилство

-          Деца без родителии родителска грижа

-          Самохрани родители  

-          Роми

-          Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година

-          Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

-          Родители на деца со пречки во развојот

-          Родители на 3 и повеќе деца

3.      Пријавите се однесуваат за  проектот:

-          „Промовирање на одржливи вработувања 4 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување 2015“-Општинско-корисна работа“

4.      За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 3 (три) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часа неделно) за следните работни места:

-          Помошник негувател (деца со посебни потреби)

-          Општ работник (грижа за стари лица)

-          Хигиеничар за стамбени и деловни простории (грижа за стари лица)

5.      Огласот трае до 22.05.2015 година.

 

                                                                                                                              Општина Богданци

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗДАДЕНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

Општина Богданци Ги известува жителите на село Стојаково дека издадено е Одобрение за градење за Изградба на улица и регулирање на корито на канал во с.Стојаково, бр. УП I 11 – 6 од 02.04.2015год. на ул Гоце Делчев, дел од ул.Гоне Каракабаков, дел од ул Митко Џунов во с.Стојаково, општина Богданци на КП бр. 7359/2, 7386, 7387, 7632, 7635, 7691, 7692, 7693/2, 7705/1, 7705/2, 7706, 7707, 7740, 7741, 7743, 7745, 7746, 7747/3, 7748/2, 7749, 7750, 7751, 7753, 7932, 7933, 7934/1, 7935, 7982/1, 7983, 7984, 7987, 7988, 8125, 8130/1, и 8134/1 , КО Стојаково чиј инвеститор е Општина Богданци.

Заинтересираните странки можат да извршат увид во документацијата во рок од 15 дена од денот на издавањето на ова известување.

 

                                                                                                                                                                                                                      Градоначалник                                                   

                                                                                                                                                                                                           на општина Богданци                                    

                                                                                                                                                                                                      Анастасија Олумчева                                

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Врз основа на член 48-з од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05, 04/11 и 04/15), а во врска со Одлуката за формирање на Локален младински совет ('„Службен гласник на Општина Богданци“ бр.05/15), Советот на Општина Богданци, објавува

Ј А В Е Н    П О В И К

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА
ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

 

  • Се започнува постапка за избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Богданци.

Локалниот младински совет на Општина Богданци е советодавно тело на Советот на Општина Богданци, основано со цел младите  активно да се вклучат во јавниот живот на општината.

Во Локалниот младински совет на Општина Богданци можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на подрачјето на Општина Богданци, со возраст од 15 до 30 години.

 

  • Локалниот младински совет на Општина Богданци брои 7 члена.

Локалниот младински совет на Општина Богданци од своите редови избира претседател.

Членовите на Локалниот младински совет на Општина Богданци се бираат со мандат од две години.

 

  • Право на предлагање на кандидати за членови во Локалниот младински совет имаат: невладини организации, младински организации, ученички совети, студентски совети, политички подмладоци и други регистрирани облици на организирање на младите.

 

  • При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните обрасци кои се во прилог на овој јавен повик, и тоа:

Образец СМ-1
(Предлог кандидат за член на Локален младински совет на Општина Богданци)

Образец СМ - 2
(Согласност за прифакање на кандидатурата за член)

Образец СМ - 3
(Согласност дека кандидатот за член на советот е предложен согласно актите на институцијата).

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

  • Кандидатот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:

- Документација од која е видливо дека кандидатот ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта),

- Кратка биографија, и

- Фотокопија од регистрација на здружението.

 

Ненавремено доставените документи и нецелосната документација нема да се разгледуваат.

 

  • Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Локален младински совет на Општина  Богданци е 5 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик на web страната на Општина Богданци.

 Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во архивата на Општина Богданци или да се превземат во електронска форма на web страната на Општина Богданци.

 Предлозите за кандидати за членови на Локален младински совет на Општина Богданци со назнака „Предлог кандидат за избор на членови на Локален младински совет на Општина Богданци“, се доставуваат на  следната адреса:

Општина Богданци

Комисија за мандатни прашања, избори и именувања

ул. „Маршал Тито“' бр.62, Богданци.

 

                                                                                                                                                                                                                                      Претседател

                                                                                                                                                                                                                    на Советот на Општина Богданци 

                                                                                                                                                                                                                                      Блаже Шапов

 

СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, Општините се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.

Од овие причини, Ве известуваме дека општина Богданци за краток временски период ќе има изберено правно лице за собирање и третман на кучињата скитници.

Имајќи го во предвид погоренаведено, потребно е сите сопственици на кучиња на територијата на општина Богданци своите миленици да ги згрижат во сопствените дворови или домови согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Во спротивно, домашните миленици ќе бидат третирани како кучиња скитници и истите ќе бидат заловени од избраното правно лице.

Контрола на терен ќе вршат комуналните редари и ќе следуваат казни врз сопствениците на миленици кои се пуштени слободно да шетаат.

  

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
603320

Посетители

978453
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
20
1078
2054
27625
978453

Server Time: 2017-04-26 00:19:50
Joomla template by Joomlashine.com