Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Васил Ќортошев - оперски пејач и режисер

 

    Се родил во 1920 година, починал во 1992 година.
    Пеење студирал во Софија и Скопје.
    Во Операта на Македонскиот народен театар во Скопје работи од 1947 до 1980 година. За тоа време остварил повеќе значајни улоги и режии во оперската уметност.
 

Соопштенија

ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на компостери

 

Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

·         Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;

·         Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;

Потребни документи за пријавување се:

1.    Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк:http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на  ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.

2.    Копија од лична карта/пасош;

3.    Копија од имотен лист(за луѓето кои живеат во град).

 

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Тел: 071 251 205

Е-мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:

Општина Богданци

Јованка Ампова

078 321 586

Општина Босилово

Стојан Милчев

071 998 253

Општина Валандово

Катерина Николов

078 565 659

Општина Василево

Георги Цонев

076 444 617

Општина Гевгелија

Мите Кречев

072 227 159

Општина Дојран

Катерина Кадиева

071 382 863

Општина Конче

Ацо Митев

075 496 017

Општина Ново Село

Туше Стојанов

075 356 565

Општина Радовиш

Роберт Донев

075 309 370

Општина Струмица

Томислав Андреев

075 395 914

 

 

* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.

 

*Имотниот лист, не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk/prebmk/


Пријава за доделување на компостер

Општинско корисна работа 2017 во општина Богданци

Општина Богданци е во подготвителна фаза за аплицирање во проектот Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017 програма општинско корисна работа 2017.
Затоа во фаза на избор на приоритетите односно кои социјални и/или други услуги сметаме дека се најпотребни во општина Богданци се решивме за користење на алтката Моја општина.
Преку оваа алатка граганите рамноправно  ке можат да учествуваат во  изборот  на подпрограма и изборот на услугите со кои ке се аплицира во овогодинашната програма  Општинско корисна работа 2017.
Резултатите од користењето на оваа алатка ке бидат замени во предвид при конечната анализа и изготвувањето на апликациониот формулар за ОКР 2017.
Во прилог ви доставуваме и линк за користење на оваа веб алатка

РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА КОМПОСТИРАЊЕ-ПОСВЕТЕНИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОРГАНСКИОТ СИНЏИР

 
ПОЧИТУВАНИ,

Оопштина Богданци со задоволство Ве поканува да учествувате во рамките на проектот „Размислуваме за компостирање - Посветени на одржување на органскиот синџир“.
Придобивката од овој проект е доделување на садови за компостирање - компостери на принципот „КОЈ ПРВ СЕ ПРИЈАВИ“, започнувајќи од 10-20 август 2017 година и понатамошна соработка (обука) со граѓаните кои ќе добијат компостери. 
Пријавување на:
тел. 034 221 332
моб. 078 321 586 
или зграда „Изворски“ Богданци, приземје - десно, соба број 4.
Лице за контакт: Јованка Ампова
 

Соопштение

           Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека, согласно Роковникот за извршување на дејствијата за спроведување на Референдум на локално ниво во Општина Богданци на 11.06.2017 година, избирачот кој не се во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа, за тоа треба да ја извести Општинската изборна комисија Богданци најдоцна до 04 јуни 2017 година (недела) до 24:00 часот.

               Известувањето, кое е во прилог на ова соопштение треба да се пополни и достави во  просториите на Општинска изборна комисија Богданци  (општинска зграда, први спрат- спроти ЈП „Комунална чистота“-Богданци).

               Истовремено, Ве известуваме дека согласно Упатството за гласање на немоќни или болни лица од Државната изборна комисија, едно лице може да биде полномошник и да поднесе известување за гласање најмногу за две лица.

            Канцеларијата на ОИК Богданци ќе биде отворена во текот на целата недела, а за време на претстојниот празник (петок 02 јуни) ќе работи во следниот термин: 12-18 часот.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Полномошно за болни и немоќни

 

Со почит,

Општинска изборна комисија Богданци

ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

logo otvorena porta               Сава Ковачевиќ 1а,Скопје, Р.Македонија logo otvorena porta

Teл/Факс: 02/2700-107/367, СОС 0800 11111

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , www.lastrada.org.mk

 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за избор за најдобра новинарска статија на тема
ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.  

Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 5 октомври 2017 до 24 часот, имаат можност да аплицираат за наградата.
Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.

Новинарските статии  треба:

• да ја обработуваат темата трговија со луѓе и да претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор;
• да претставуваат синтеза од повеќе проверени извори
• да имаат свое  влијание врз јавноста/или да предизвикале општествена акција
• да ги запазат етичките стандарди

За најдобрите новинарски статии ќе  бидат доделени парични награди од:

  • 1 награда  450 евра

  • 2 награда  350 евра

  • 3 награда   250 евра

Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во Отворена Порта најдоцна до 5 oктомври 2017 до 24:00 часот.
 

По пошта или лично да се достават до: Отворена Порта, ул.„Сава Ковачевиќ“ 1а, 1000 Скопје
или по електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Доколку имате потреба дополнителни информации Ве молиме да не контактирате на:
076 221 157 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Контакт лице: Христина Христова

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
759995

Посетители

1239231
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1156
2265
7517
38991
1239231

Server Time: 2017-11-23 18:37:09
Joomla template by Joomlashine.com