HomeОдноси со јавностНајавиПрезентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“

Награди по повод 5 Јуни - Светски ден на животната средина

   По повод 5 Јуни – Светски ден на животната средина, Општина Богданци распиша Конкурс за климатските промени на глобално и локално ниво. Конкурсот траеше до 30.05.2013 година, а право на учество имаа сите ученици од прво до осмо одделение од основните училишта во општината и учениците од СОУ “Богданци“.
   Наградените творби од овој Конкурс ќе им бидат доделени на учениците на 5 јуни со почеток во 11.30 часот во кабинетот на градоначалникот на Општина Богданци.
   Своите творби учесниците ги доставија според пропишаните пропозиции и тоа во форма на проза, поезија, цртежи и фотографии во три категории:
- I категорија за ученици од I до IV одделение на тема: „Да ја заштитиме планетата Земја“;
- II категорија за ученици од V до VIII одделение на тема: „Климатските промени – опасна закана“;
- III категорија за ученици од I до IV година средно образование на тема: „Климатски промени“.
Број на гледања на артикли
1015249
Joomla template by Joomlashine.com