Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавностНајавиСВИКАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“

   Здружението Мрежа за рурален развој на Република Македонија од Скопје заеднички во партнерство со Општина Богданци, доби можност да биде меѓу првите општини во Македонија кои ќе изготвуваат Општинска стратегија за климатски промени. Активностите за изготвување на ваквата стратегија се поддржани од проектот на УСАИД “Општински стратегии за климатски промени“ кој се спроведува од страна на  Милиеуконтакт Македонија.
   За изготвување на стратегијата за климатски промени во Општина Богданци ќе се користи методологијата на “Зелена Агенда“ која е развиена од страна на Милиеуконтакт Интернационал и досега e спроведувана во 40 општини во Централна и Источна Европа на теми поврзани со заштитата на животната средина и културата.
Првиот јавен состанок на засегнати страни ќе се одржи на 14.06.2013 година (петок), во ОУ„Петар Мусев„ Богданци со почеток во 20:00ч,
 
Целите на состанокот се:
 
Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“
Презентирање на методологијата на Зелена Агенда за изготвување на стратегии за климатски промени
Презентирање на резултатите од неодамна спроведената анкета за утврдување на вредностите на граѓаните на општина Богданци
Формирање на работни групи кои ќе ја изготвуваат стратегијата за климатски промени и ќе развиваат пилот- проекти
 
   На овој прв состанок учество ќе земат учество Директорот на Милиеуконтакт Македонија г. Игор Славкоски, претставник од УСАИД, Градоначалничката на Општина Богданци г-ца Анастасија Олумчева. 
 
Покануваме сниматели, фоторепортери и новинари во просториите на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци во 19.45 часот
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1126043

Посетители

1773187
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
340
1109
4723
35129
1773187

Server Time: 2018-09-20 04:51:41
Joomla template by Joomlashine.com