Општина Богданци                                                                                          

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЃАВОТО, ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 90/17), Градоначалникот на општина Богданци го издава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

По Предлог Урбанистички план за село Ѓавато, Општина Богданци

Граници на опфатот се : Предметниот плански опфат отпочнува на север при што ја сече К.П.2790/1 се до северната страна на К.П.1534, скршнува на југ по источната страна на К.П.1534, К.П.1533, К.П.1531 и К.П.1530, па скршнува кон југоисток по североисточната страна на К.П.1376, повторно скршнува на југ по источната страна на К.П.1376 и К.П.1375, ја сече К.П.1374/1, продолжува по источната страна на К.П.1396, повторно ја сече К.П.1374/1, па продолжува по источната страна на К.П.1397, повторно ја сече К.П.1374/1 и скршнува кон југоисток, продолжува кон североисток по северозападната страна на К.П.1327 и К.П.1328, по североисточната страна на К.П.1328 и К.П.1329, односно по северозападната страна на К.П1319, К.П.1313, К.П.1312 и К.П.1311, скршнува на југоисток по североисточната страна на К.П.1311, К.П.1310, К.П.1309 и К.П.1305, ги сече К.П.2792 и К.П1289, продолжува по источната страна на К.П.1304, за момент скршнува на исток по северната страна на Сервисната ул. 2, па скршнува на југ по источната страна на Станбената ул.15, па скршнува кон југозапад по југоисточната страна на Станбената ул.15, ја сече Станбената ул.16, па продолжува по југоисточната страна на К.П.1864, ја сече Сервисната ул.1, за момент скршнува кон северозапад по југозападната страна на истата, па продолжува кон југозапад по југоисточната страна на К.П.1662, К.П.1663 и К.П.1661, па скршнува на север по западната страна на Станбената ул.19, ги сече К.П.1629 и К.П.1602, па продолжува на север по западната страна на Индустриската ул.3, скршнува кон северозапад и ја сече К.П.1621, продолжува по југозападната страна на К.П.1620, повторно ја сече К.П.1621, па продолжува по југозападната страна на Сервисната ул.1 се до северниот дел од опфатот, каде истиот скршнува кон североисток, при што се затвора во почетната точка на планскиот опфат.

Опфатот е со површина од 43,43 ха.

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Ѓавато, Општина Богданци, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на угостителскиот објект „Оаза“ Ѓавато и на web страната bogdanci.gov.mk.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена сметано од  13.02.2018г,секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивот на општина Богданци и во системот e-urbanizam.mk

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 13.02.2018 година во 11:30 часот во просториите на ОУ Петар Мусев во Ѓавато.

 

                                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК на општина Богданци

                                                                                                     Блаже Шапов

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
941101

Посетители

1495005
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
2417
1548
16214
36194
1495005

Server Time: 2018-04-21 21:16:15
Joomla template by Joomlashine.com