Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Информации од областа на урбанизмот

 
HomeОдноси со јавностНајавиИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

Најави

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

 

         Министерството  за  животна  средина  и  просторно  планирање  на  РМ  и Асоцијацијата Ајде Македонија продолжува да го спроведува проектот „Македонија без отпад“.

            Проектот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

         За таа цел, во општина Богданци на 04.10.2014 година со почеток во 09.00 часот се планира оддржување на акцијата која ќе се спроведе во центарот на Богданци и зад новите градски Гробишта.

              Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се вклучат во истата.

 

 

ТРКАТА ЗА МИР ЌЕ ПОМИНЕ И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Ве известуваме дека на 30-ти Септември  (Вторник) во 14.30 часот во Богданци ќе пристигне Факелот од Трката за мир. Настанот ќе се оддржи во Градскиот Парк.

Трката за мир има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Тежнее да создаде добра волја меѓу луѓето без разлика на сите наши различности.

Таа е штафетна трка која е составена од интернационален тим маратонци – волонтери од повеќе држави. Се оддржува секои две години, посетува 49 земји и се претрчуваат 24.000 километри.

Ги повикуваме жителите на општина Богданци доколку се во можност да бидат дел од пречекот пропратен со мала културна свеченост и почесното примање на факелот од страна на Градоначалникот.

 

ЌЕ СЕ ОДДРЖИ ПАРАДНО ДЕФИЛЕ ОД МОТОЦИКЛИСТИ ПОД МОТОТО ДА ВИДИТЕ КОЛКУ НЕ ИМА

Почитувани,

Од страна на Републичкиот Совет за Безбедност на Собраќајот на патиштата донесена е одлука со која оваа недела, од 16.06.2014 до 22.06.2014 година, е прогласена како „Недела за безбедност на мотоциклистите“.

По тој повод, во Богданци во Четврток, 19.06.2014 година во 12:00 часот ќе има парадно дефиле од мотоциклисти под мотото „Да видите колку не има“. Маршутата е од центарот на Богданци до брана Паљурци.

ПРЕЗАКАЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ЗА ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СКУЛПТУРИ ОД ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

Манифестацијата за изложување на скулптури од пластична амбалажа направени од ученици од СОУ „Богданци“, ООУ „Петар Мусев“ и ООУ „Кирил и Методиј“ во рамки на проектот „Намалување на испуштање на НОЗ (Неразградливи Органски Загадувачи)  преку намалување на пластичната амбалажа во Гевгелија и Богданци“ која беше одложена поради лошите временски услови, ќе се оддржи утре, 20.05.2014 година, со почеток во 18:00 часот.

Како што беше најавено, на манифестацијата учество ќе земат ученици од споменатите училишта и ќе се претстават со разни музички точки, драмски текстови и хорски настап.

ВО БОГДАНЦИ МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА СКУЛПТУРИ ОД ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

Во рамките на проектот „Намалување на испуштање на НОЗ (Неразградливи Органски Загадувачи) преку намалување на пластичната амбалажа со рециклирање во Гевгелија и Богданци“ на ден 14.05.2014  (среда) со почеток во 18 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи манифестација на која ќе бидат изложени склуптури од пластична амбалажа направени од ученици од СОУ „Богданци“, ООУ „Петар Мусев“ и ООУ „Кирил и Методиј“.

Изложените склуптури ќе бидат предмет на оценување при што најубавата склуптура ќе биде наградена.

На манифестацијата учество ќе земат ученици од споменатите училишта и ќе се претстават со разни музички точки, драмски текстови и хорски настап.

Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), НВО „Поддршка“ и Општините Богданци и Гевгелија.  

ПОКАНА

Почитувани,

Врз основа на заложбите за поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор, а согласно годишната Програма за оделението за ЛЕР во делот на активноста: Финансирање на локални микро проекти од различни области, изготвен е Предлог на оперативни насоки за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Богданци.

За таа цел оделението за ЛЕР Ве поканува на работен состанок на кој е предвидено заедничко разгледување и заедничко утврдување на Предлог оперативните насоки кои преку Комисијата за финансирање буџет и ЛЕР ке одат на усвојување до Советот на општина Богданци.

Состанокот ке се оддржи на 25.04.2014 год (Петок) во просториите на Советот на општина Богданци во 12.00 часот.

Предлог оперативните насоки може да ги погледнете на следниов линк

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
777563

Посетители

1269538
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1686
2065
3751
18782
1269538

Server Time: 2017-12-12 23:22:51
Joomla template by Joomlashine.com