Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Информации од областа на урбанизмот

 
HomeОдноси со јавностНајавиИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

Најави

ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ОДДРЖИ ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ДЕТСКИ СЕМАФОР - 2014

   Општинскиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата при општина Богданци (ОСБСП) во соработка со општина Богданци на својот состанок оддржан денес, 07.04.2014 година, ги дефинираше последните подготовки за оддржување на општинскиот натпревар „Детски семафор - 2014“ .

       Натпреварот ќе се оддржи во Петок, 11.04.2014,  во 11.00 часот во ООУ „Петар Мусев“ Богданци. 
    На истиот свое учество ќе земат учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково заедно со подрачните училишта во с.Селемли и Ѓавото. 
        Победниците свое учество ќе земат на Регионалниот натпревар кој ќе се оддржи во Струмица.

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗАЕДНО ЗА НАШИОТ ГРАД

Почитувани, продолжува акцијата „Заедно – за нашиот град“ која започна на 22 февруари 2014 година, во организација на општина Богданци и ЈП „Комунална чистота“.

На 5 Април 2014 година (сабота), со почеток од 08 часот, на ул. „Страшо Пинџур“ бидете и Вие дел од оваа акција со чистење на Вашите, подруми, дворови, тротоари...

На денот на акцијата, користењето на услугите на ЈП „Комунална чистота“ ,за собирање и транспортирање на отпад, не се наплаќа.

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОРГАНИЗИРА „ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ“ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

   

   На ден 04.02.2014 година (Вторник) во 10.00 часот во просториите на месната заедница – Стојаково, општина Богданци повторно организира „Отворен ден“ со Градоначалникот, Анастасија Олумчева.

   „Отворен ден“ со жителите на с.Стојаково општината ќе организира секој прв Вторник во месецот  во период од 10.00 до 12.00 часот.

   Секој втор Вторник во месецот „Отворениот ден“ во периодот од 10.00 до 12.00 часот ќе се организира за жителите на неселено место Ѓавато во просториите на основното училиште.

   Во населено место Селемли ваквите средби ќе се организираат секој трет Вторник во месецот во истиот период во просториите на  ОУ „Стојан Вујановиќ“.

   Целта на „Отворените денови“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината како и да се изнајдат решенија за нивните потреби и проблеми за кои е надлежна истата.

 

Јавна дебата во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“

                                                                  
 

 

    Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС,  финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Грција - Р.Македонија 2007-2013 година и имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се одржуваат јавни дебати во сите десет општини од Југоисточниот плански регион. Тема на дискусија ќе бидат изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во регионот. Истите ќе се дискутираат и анализираат со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и  дизајнот.
    Дебатите ќе ги организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со општините. Учество ќе земат сите заинтересирани страни (бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)
    Целта на јавните дебати е да се добие целосен увид и преглед на моменталната  состојба на инфраструктурата во регионот и да се подобри истата преку анализите од дискусиите во општините со помош од соодветни експерти. Истите ќе послужат за изработка на стратешки документ Студија на можности која ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
    Студијата на Можности ќе биде подготвена и доставена до сите заинтересирани страни во иднина.
 
    Во вторник,10.12.2013 година, во просториите на Општина Богданци со почеток од 11.30 часот ќе се одржи една од предвидените десет јавни дебати од овој вид.
 
Агендата можете да ја симнете од дадениот линк:
 
 
 

„Ден на дрвото“ во Богданци

   27.11.2013 - среда е денот  на одржување на  12-та. акција на масовното  пошумување на "Ден на дрвото - засади ја својата иднина!" и истата ќе се оддржи од 09.00 часот м.в. Воденичар до месноста Самовилец и ќе се пошумува до 6 ха или 4 километри површина во Општина Богданци.

   Со оваа акција под мотото  Засади здравје! Засади здрава иднина!  на „Ден на дрвото” се дава акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет при што се повикани медицинските лица, кои се носители и промотори на оваа благородна акција, за мал придонес на нашата земја, Република Македонија, за зачувувањето на здравата животна средина со единствениот концепт во светот на масовно засадување во само еден ден од сите граѓани во Македонија и со која акција нашите граѓани активно се вклучени во милениумските цели на донесените документи на ООН со која жителите на планетата земја ќе се спротистават на климатските промени, загадувањето, глобалниот раст на индустријализацијата.

 

Претстава на Драмско атеље СОУ „Богданци“

   Со влез од 100 денари вечерва во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно ќе се изведе претстава базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата во режија на Кире Ѓорѓиев ќе ја изведат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“. 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
777563

Посетители

1269538
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1686
2065
3751
18782
1269538

Server Time: 2017-12-12 23:22:51
Joomla template by Joomlashine.com