Општина Богданци                                                                                          

Најави

„Ден на дрвото“ во Богданци

   27.11.2013 - среда е денот  на одржување на  12-та. акција на масовното  пошумување на "Ден на дрвото - засади ја својата иднина!" и истата ќе се оддржи од 09.00 часот м.в. Воденичар до месноста Самовилец и ќе се пошумува до 6 ха или 4 километри површина во Општина Богданци.

   Со оваа акција под мотото  Засади здравје! Засади здрава иднина!  на „Ден на дрвото” се дава акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет при што се повикани медицинските лица, кои се носители и промотори на оваа благородна акција, за мал придонес на нашата земја, Република Македонија, за зачувувањето на здравата животна средина со единствениот концепт во светот на масовно засадување во само еден ден од сите граѓани во Македонија и со која акција нашите граѓани активно се вклучени во милениумските цели на донесените документи на ООН со која жителите на планетата земја ќе се спротистават на климатските промени, загадувањето, глобалниот раст на индустријализацијата.

 

Претстава на Драмско атеље СОУ „Богданци“

   Со влез од 100 денари вечерва во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно ќе се изведе претстава базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата во режија на Кире Ѓорѓиев ќе ја изведат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“. 

Посета на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство г - н Зоран Коњановски

   09.10.2013 година, Среда, во 12.00 часот заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г – н Зоран Коњановски ќе оствари средба со Анастасија Олумчева Градоначалник на Општина Богданци.   

После средбата со Градоначалник на Општина Богданци во 12.30 часот заменик министерот ќе ја посети компанијата „Мил - Бос“.  

После посетата на компанијата „Мил - Бос“ во 14.00 часот е предвидена средба на земјоделците од Општина Богданци со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во СОУ „Богданци“ - Богданци.

 

 

Општина Богданци организира “Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење„

   На 20.09.2013  година, со почеток во 10.30 часот, а по повод 22 септември – “Меѓународен ден без автомобили“ Општина Богданци организира “Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење„. Овој настан е дел од Европската недела на мобилност која трае од 16-22 септември 2013 година.
   Учество во Маршот ќе земат учениците од основните и средното училиште во Богданци и населените места како и најмалите од детската градинка во Богданци, тргнувајќи од три локации: “Чавдарова чешма“, “Бреботекс“ и Детската градинка “Коста Поп Ристов – Делчев“.
   Сите учесници на крајот од Маршот ќе се соединат во Градскиот парк во Богданци каде ќе се одржи наградната игра, а присутните ќе ги забавува музичката ѕвезда Александар Белов.
   Целта на настанот е подигнување на свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз локалниот квалитет на воздухот и да ги охрабри истите за подобрување на нивното здравје и благостостојба со промена на еден нивен ден, во ден на мобилно однесување.
   Со надеж дека пораката “Со чист воздух, до подобро здравје“ ќе биде примена, општина Богданци ги покани сите физички и правни лица да земат учество во Маршот и да се приклучат на една од наведените локации.
   Во оваа манифестација се вклучени повеќе од 2.000 града во 43 земји во светот кои одржуваат различни активности за оддржливост на мобилна култура. Под мотото “За почист воздух, помалку бучава, повеќе пари – користете помалку автомобили“ за прв пат годинава, Општина Богданци ќе биде дел од овие случувања.
 
   Покануваме новинари, фоторепортери, во 10.00 часот пред зградата на општина Богданци.
 

Трет „Отворен ден“ во населено место Стојаково

   Во просториите на Месна заедница - Стојаково, на ден 03.09.2013 во 10.00 часот, по трет пат Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

 

Втор Отворен ден за граѓаните на населено место Селемли

   Во просториите на ОУ „Стојан Вујановиќ“ - Селемли, на ден 20.08.2013 со почеток во 10.00 часот до 12.00 часот, Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и службите на Општина Богданци. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
860055

Посетители

1400594
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
104
1717
7911
44187
1400594

Server Time: 2018-02-25 05:58:57
Joomla template by Joomlashine.com