Општина Богданци                                                                                          

Најави

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗАЕДНО ЗА НАШИОТ ГРАД

Почитувани, продолжува акцијата „Заедно – за нашиот град“ која започна на 22 февруари 2014 година, во организација на општина Богданци и ЈП „Комунална чистота“.

На 5 Април 2014 година (сабота), со почеток од 08 часот, на ул. „Страшо Пинџур“ бидете и Вие дел од оваа акција со чистење на Вашите, подруми, дворови, тротоари...

На денот на акцијата, користењето на услугите на ЈП „Комунална чистота“ ,за собирање и транспортирање на отпад, не се наплаќа.

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОРГАНИЗИРА „ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ“ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

   

   На ден 04.02.2014 година (Вторник) во 10.00 часот во просториите на месната заедница – Стојаково, општина Богданци повторно организира „Отворен ден“ со Градоначалникот, Анастасија Олумчева.

   „Отворен ден“ со жителите на с.Стојаково општината ќе организира секој прв Вторник во месецот  во период од 10.00 до 12.00 часот.

   Секој втор Вторник во месецот „Отворениот ден“ во периодот од 10.00 до 12.00 часот ќе се организира за жителите на неселено место Ѓавато во просториите на основното училиште.

   Во населено место Селемли ваквите средби ќе се организираат секој трет Вторник во месецот во истиот период во просториите на  ОУ „Стојан Вујановиќ“.

   Целта на „Отворените денови“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината како и да се изнајдат решенија за нивните потреби и проблеми за кои е надлежна истата.

 

Јавна дебата во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“

                                                                  
 

 

    Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС,  финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Грција - Р.Македонија 2007-2013 година и имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се одржуваат јавни дебати во сите десет општини од Југоисточниот плански регион. Тема на дискусија ќе бидат изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во регионот. Истите ќе се дискутираат и анализираат со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и  дизајнот.
    Дебатите ќе ги организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со општините. Учество ќе земат сите заинтересирани страни (бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)
    Целта на јавните дебати е да се добие целосен увид и преглед на моменталната  состојба на инфраструктурата во регионот и да се подобри истата преку анализите од дискусиите во општините со помош од соодветни експерти. Истите ќе послужат за изработка на стратешки документ Студија на можности која ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
    Студијата на Можности ќе биде подготвена и доставена до сите заинтересирани страни во иднина.
 
    Во вторник,10.12.2013 година, во просториите на Општина Богданци со почеток од 11.30 часот ќе се одржи една од предвидените десет јавни дебати од овој вид.
 
Агендата можете да ја симнете од дадениот линк:
 
 
 

„Ден на дрвото“ во Богданци

   27.11.2013 - среда е денот  на одржување на  12-та. акција на масовното  пошумување на "Ден на дрвото - засади ја својата иднина!" и истата ќе се оддржи од 09.00 часот м.в. Воденичар до месноста Самовилец и ќе се пошумува до 6 ха или 4 километри површина во Општина Богданци.

   Со оваа акција под мотото  Засади здравје! Засади здрава иднина!  на „Ден на дрвото” се дава акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет при што се повикани медицинските лица, кои се носители и промотори на оваа благородна акција, за мал придонес на нашата земја, Република Македонија, за зачувувањето на здравата животна средина со единствениот концепт во светот на масовно засадување во само еден ден од сите граѓани во Македонија и со која акција нашите граѓани активно се вклучени во милениумските цели на донесените документи на ООН со која жителите на планетата земја ќе се спротистават на климатските промени, загадувањето, глобалниот раст на индустријализацијата.

 

Претстава на Драмско атеље СОУ „Богданци“

   Со влез од 100 денари вечерва во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно ќе се изведе претстава базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата во режија на Кире Ѓорѓиев ќе ја изведат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“. 

Посета на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство г - н Зоран Коњановски

   09.10.2013 година, Среда, во 12.00 часот заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г – н Зоран Коњановски ќе оствари средба со Анастасија Олумчева Градоначалник на Општина Богданци.   

После средбата со Градоначалник на Општина Богданци во 12.30 часот заменик министерот ќе ја посети компанијата „Мил - Бос“.  

После посетата на компанијата „Мил - Бос“ во 14.00 часот е предвидена средба на земјоделците од Општина Богданци со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во СОУ „Богданци“ - Богданци.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1125163

Посетители

1771674
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1723
1487
3210
33616
1771674

Server Time: 2018-09-18 23:18:25
Joomla template by Joomlashine.com