Општина Богданци                                                                                          

Најави

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО ТАКСИ ВОЗАЧ

Согласно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за автотакси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), општина Богданци Ве известува дека ќе спроведе по втор пат испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 30.12.2014 година (Вторник) со почеток во 13.00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Богданци најдоцна до Петок, 26.12.2014 година, 16.00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АКЦИЈАТА ДЕН НА ДРВОТО

Почитувани,

По повод акцијата „Ден на дрвото-есен 2014“ , Ве известувамeдека истата  ќе се одржи на 03.12.2014 год. (среда) со почеток во 09.00 часот. Локација за пошумување - мв „Паљурци“.

Поаѓање на автобусот од автобуска станица во Богданци во 09.00 часот.

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА

   Денеска караванот на Саеми за Вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, продолжува во градот Струмица. На истиот ќе се претстават повеќе од 40 компании. Саемот ќе овозможи да дојде до заедничка средба на рабодавaчите и лицата кои бараат работа можност за засновање работен однос. Досега се организирани саеми во четири градови, преку кои се вработени 160 лица.

Агенцијата, на овој начин, верува дека ќе успее да помогне при дополнителното доближување на компаниите и граѓаните, како легитимна понуда и побарувачка на пазарот на труд.

На саемот ќе се обрати Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија,  Влатко Поповски. Дополнително, во склоп на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички на истиот.

Саемот во Струмица ќе се одржи во Домот на културата од 11 до 14 часот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЕДУКАТИВНА СРЕДБА - ТРИБИНА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Подрачната канцеларија на Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството Богданци организира едукативна средба, трибина со земјоделците на која ке бидаат презентирани можностите за искористување на средствата од ИПАРД И РУРАЛЕН РАЗВОЈ ПРОГРАМИТЕ ОБЈАВЕНИ ОД АФПЗРР ПРИ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛОИКА МАКЕДОНИЈА.       

1.Јавен повик бр.2 од ИПАРД програмата

2.Јавен повик бр.4,5,1од програмата за Рурален развој.

3.Размена на државно земјоделско земјиште доделено во постапка на Арондација.

4.Здружување на земјоделците во земјоделски задруги.

5.Разно (паушално оданочување на земјоделците,минимум услови за спроведување добра земјоделска пракса, информирање за ДФЛ-државна фитосанитарна лабораторија ).

Населено место- БОГДАНЦИ

Место на одржување - САЛА ЗА СОВЕТ

Датум и време- 11.11.2014 година ( ВТОРНИК ), 19 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014

 

         Министерството  за  животна  средина  и  просторно  планирање  на  РМ  и Асоцијацијата Ајде Македонија продолжува да го спроведува проектот „Македонија без отпад“.

            Проектот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

         За таа цел, во општина Богданци на 04.10.2014 година со почеток во 09.00 часот се планира оддржување на акцијата која ќе се спроведе во центарот на Богданци и зад новите градски Гробишта.

              Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се вклучат во истата.

 

 

ТРКАТА ЗА МИР ЌЕ ПОМИНЕ И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Ве известуваме дека на 30-ти Септември  (Вторник) во 14.30 часот во Богданци ќе пристигне Факелот од Трката за мир. Настанот ќе се оддржи во Градскиот Парк.

Трката за мир има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Тежнее да создаде добра волја меѓу луѓето без разлика на сите наши различности.

Таа е штафетна трка која е составена од интернационален тим маратонци – волонтери од повеќе држави. Се оддржува секои две години, посетува 49 земји и се претрчуваат 24.000 километри.

Ги повикуваме жителите на општина Богданци доколку се во можност да бидат дел од пречекот пропратен со мала културна свеченост и почесното примање на факелот од страна на Градоначалникот.

 

  

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
604759

Посетители

980798
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
751
614
4399
29970
980798

Server Time: 2017-04-28 19:51:04
Joomla template by Joomlashine.com