Општина Богданци                                                                                          

Новости

Анастасија Олумчева официјално стапи на функција Градоначалник на Богданци

 

   Денеска 19.04.2013 година, Анастасија Олумчева со врачувањето на Уверението за Градоначалник од страна на Претседателката на Општинската изборна комисија, Соња Маџирова, официјално стапи на функција Градоначалник на Богданци и со тоа стана првата жена Градоначалник, која ќе ја води Општина Богданци во наредниот четиригодишен мандат.
   Уверението ѝ беше врачено во присуство на досегашниот градоначалник Ристо Ичков, членовите на Општинската изборна комисија и вработените во Општина Богданци на приемот организиран во Кабинетот на Градоначалник во Општина Богданци.
   За време на приемот Анастасија Олумчева ја изрази својата желба за експедитивно и одговорно работење за време на мандатот кој што ѝ го доверија граѓаните на Општина Богданци: „Јас како прва жена Градоначалник на Општина Богданци, и најмлада Градоначалничка во Македонија ќе се залагам за оправдување на довербата и извршување на одговорностите кои ги очекувам и се очекуваат од мене.“
   Честитки за стапувањето на функцијата со желби за многу успеси во работењето, Анастасија Олумчева доби од досегашниот градоначалник Ристо Ичков.
„Општина Богданци треба да си го продолжи својот пат рамо до рамо со другите општини, бидејќи Општина Богданци го заслужува тоа, и сигурен сум дека и сега е во добри раце и ќе продолжи понатаму за доброто на сите граѓани.“
   Исто така Анастасија Олумчева доби честитки од членовите на Општинската изборна комисија, вработените во Општина Богданци, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, локалните претставници на Демократски сојуз, на ДОМ и СДУ. Честитките лично ѝ ги упатија претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Стојан Воданов и носителката на листата за советници на ДОМ, Гонца Коцева.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
705235

Посетители

1147014
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
200
1864
2064
31510
1147014

Server Time: 2017-09-26 05:15:31
Joomla template by Joomlashine.com