Општина Богданци                                                                                          

Новости

Потпишани изјави на соработка

 

   На 30ти април, со почеток во 11:00 во Клубот на новинари во Скопје, се одржа свечено потпишување на изјави за соработка и разбирање помеѓу здружението за одржлив развој – Милиеуконтакт Македонија и осумтте партнерски општини во проектот на УСАИД – Општински стратегии за климатски промени.
   На потпишувањето на изјавите за соработка се обрати директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г. Роберт Вурц, кој ја истакна важноста на градење на силни мрежи за соочување со климатските промени, додека директорот на Милиеуконтакт Македонија, г. Игор Славкоски даде краток вовед во проектот, кој е прв од ваков вид финансиран од УСАИД во светот.
   По официјалното потпишување на изјавите со градоначалникот на Богданци и претставниците на граѓанските здруженија беше отворена и изложбата на фотографии насловена – „Јас и климатските промени“. Изложбата беше составена од фотографии кои претходно пристигнаа на објавениот конкурс од страна на Милиеуконтакт Македонија за најдобри фотографии на оваа тема. На крајот на настанот, за време на коктелот, беа наградени со велосипеди тројцата автори на трите победнички фотографии: Пеце Илиевски, Миле Илоски и Јован Куциновски.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48
Joomla template by Joomlashine.com