Општина Богданци                                                                                          

Новости

Акција „Садница плус“

 

   Денес во основните училишта и детските градинки се оддржа пролетната акција „Садница плус“ како дел од активностите на здружението „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ во соработка со Министерството за образование и наука.
 
   Во  основните училишта и детските градинки во Општина Богданци и населените места беа посадени вкупно 510 желади од семенскиот материјал доставен до образовните институции. Засадениот семенски материјал наесен може да се пресади на отворен простор во училишните дворови или на соодветна локација одредена од општината.
   Целта на овој проект е преку масовно дружење и сопствено искуство да се поттикне еко-свеста кај најмладата популација, да се почувствуваат одговорни за доверената задача.
   На првиот одделенски час во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, на акцијата „Садница плус“ учествуваше и градоначалничката Анастасија Олумчева:
- Ентузијазмот кој денес го споделивме со децата кои ги засадија семките за дрвца ме убедува дека иднината на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ е цврсто вкоренета во желбата и свеста на младите учесници.
   Јованка Ампова, координатор на проектот од Општина Богданци го искажа своето огромно задоволство за изведувањето на акцијата:
- Како координатор на акцијата го искажувам моето огромно задоволство за организираноста на акцијата од страна на здружението „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, од координираноста и осмислувањето на самата акција, „Садница Плус“. Како координатор за прв пат почувстував колку се големи малите раце на децата, искажаното внимание и загриженоста за правилно засадениот желад. Ја поздравувам оваа акција со желба за нејзино опстојување и продолжување.
   Во акцијата „Садница плус“ на територијата на Општина Богданци учествуваа: ООУ „Петар Мусев“- Богданци, ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Стојаково и детската градинка „Коста Поп Ристов – Делчев – Богданци со П.Е. во с. Стојаково.
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981292

Посетители

1556262
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1453
1620
9832
41461
1556262

Server Time: 2018-05-26 19:29:05
Joomla template by Joomlashine.com