Општина Богданци                                                                                          

Новости

Чествување на Свети Атанасиј Велики

   Во духот на црковните и традиционалните обичаи, вчера како и секоја година се чевствуваше патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци. 

   На претпразничната богослужба која се одржа на 14.05.2013 присуствуваше градоначалничката на општина Богданци, Анастасија Олумчева.

 

   На главната црковна богослужба, на 15.05.2013 со почеток во 8.00 часот Архиепископот Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Божествена Литургија посветена на нашиот светител. На литургијата сослужуваа свештеници од гевгелиското намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беа прекршени и празничните колачи. 

   Овогодинешната кума Венера Стамнова од Богданци им го предаде кумството за следната година на Коста Стратров, Магда Прошева, Марјан Колевски, Лазар Шутаров, Ѕвонко Стојчевски, Коле Тренчовски и Здравко Иљачев.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981278

Посетители

1556244
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1435
1620
9814
41443
1556244

Server Time: 2018-05-26 19:13:50
Joomla template by Joomlashine.com