Општина Богданци                                                                                          

Новости

Караван за климатски промени

 

   Денес, Караванот за климатски промени организиран од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, во Богданци го организираше третиот од вкупно шесте планирани настани во различни рурални места во земјава.
   Под мотото „ПОПЛАВА, СУША, СТУД, ДА ГО СПАСАМ МОЈОТ ТРУД“ со презентација на претставници од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и професори од Земјоделскиот институт овој Караван успеа преку непосредна средба со индивидуалните земјоделци да ги едуцира во врска со предвидените ефекти и да ја потенцира важноста на преземање проактивни чекори како одговор на ваквите последици, почнувајќи од основното ниво, од малите земјоделски заедници.   Караванот го поздрави градоначалничката на Општина Богданци, Анастасија Олумчева:
 
   „Сакам да ја изразам мојата најискрена желба да овој проект ги постигне поставените цели и надмине очекуваните резултати.“
   Заменик директорката на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Весела Ламбевска Домазетова даде вовед за важноста на овој проект:

   „Климатските промени се реалност во Македонија, а од година во година сведоци сме на се поголеми и поинтензивни поплави, суши, град, кои ќе прават големи штети врз земјоделското производство. Заради тоа ќе треба што повеќе да се запознаеме со потребните технологии и мерки за да го зачуваме нашиот род во кој што е вложено огромен труд и средства.“   Презентација на ефектите од преземањето мерки за ублажување на негативните промени врз земјоделските производи  и одговор на прашањата кои ги поставија присутните земјоделци дадоа професорите од Земјоделскиот институт, Душко Мукаетов, Вјекослав Танасковиќ и Гордана Поп Симонова.
 
На крајот Караванот беше затворен со наградна игра каде на учесниците им беа доделени пригодни награди.
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17
Joomla template by Joomlashine.com