Општина Богданци                                                                                          

Новости

Општински конкурс за климатски промени

 

   По повод 5 Јуни – Светски ден на животната средина, Општина Богданци распиша Конкурс за климатските промени на глобално и локално ниво. Конкурсот траеше до 30.05.2013 година, а право на учество имаа сите ученици од прво до осмо одделение од основните училишта во општината и учениците од СОУ “Богданци“.
   Наградите за најдобрите од овој Конкурс им беа доделени на учениците од страна на градоначалникот на Општина Богданци, г - ѓица Анастасија Олумчева. Пред доделувањето на наградите градоначалникот изрази најискрена благодарност до учесниците на конкурсот како и на комисијата за оценување на творбите. 
   Своите творби учесниците ги доставија според пропишаните пропозиции и тоа во форма на проза, поезија, цртежи и фотографии во три категории:
- I категорија за ученици од I до IV одделение на тема: „Да ја заштитиме планетата Земја“;
   Награди од I категорија добија Стефан Узунов I награда во проза, Марина Мојсова II награда во проза и I награда во поезија како и Мирјана Чавдарова I награда во проза.
- II категорија за ученици од V до VIII одделение на тема: „Климатските промени – опасна закана“;
   Наградите од II категорија ги добија Урош Стамков I награда во поезија, Ѓорги Стамков I награда во цртеж  и Анџела Давиткова II награда во цртеж.
 
- III категорија за ученици од I до IV година средно образование на тема: „Климатски промени“.
   Во последната категорија наградите ги добија Атанас Аврамов со I награда во проза, Дејан Мачуков со I награда во цртеж, Ивана Паункова со I награда во фотографија и Данче Папучиева сo II награда во фотографија.
 
   За да ја истакне благодарноста за организацијата и учеството на училиштата на општинскиот конкурс Градоначалникот на Општина Богданци донираше книги за библиотеките во секое од училиштата.
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1125993

Посетители

1773112
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
265
1109
4648
35054
1773112

Server Time: 2018-09-20 04:18:12
Joomla template by Joomlashine.com