Општина Богданци                                                                                          

Новости

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД БОГДАНЦИ ВО ПОСЕТА НА САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

На ден 29.01.2016 Општина Богданци - ОДделението за Локален Економски Развој организираше еднодневна посета на Меѓународниот саем за земјоделство, техника и опрема, механизација, градинарство, преработка, лозарство, овоштарство, винарство, храна, пчеларство, ветеринарство во Солун- Агротика. Целта на посетата е земјоделците да се информираат за новитети на земјоделската механизација и новите технологии на производство кои ја зголемуваат продуктивноста на земјоделското стопанство.

Во рамките на посетата организирана од општина Богданци присуствуваа претставници од земјоделска задруга Агро Богданци и индивидуални земјоделци.  Посетата е реализирана согласно Годишниот План за посета на саеми за 2016 година кој е составен дел на Програмата за активности на општина Богданци во областа на Локалниот Економски Развој во 2016 година. 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48
Joomla template by Joomlashine.com