Општина Богданци                                                                                          

Новости

Општина Богданци се стекна со сертификатот Поволно деловно опкружување

        Општина Богданци се стекна со сертификатот „Поволно деловно опкружување“ од Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE).

      На 10.03.2016 година Акредитационото тело на BFC SEE потврди дека општина Богданци ги исполнува критериумите од програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа во согласност со стандардот BFC SEE : 2014, и од наведениот датум на одлуката на Регионалниот совет , единицата на локална самоуправа се стекнува со називот „ Поволно деловно опкружување “ односно „ Business Friendly Municipality( на англиски јазик ), со право на користење и истакнување на логото за Сертификација во согласност со стандардот.

       Добиениот сертификат потврдува дека општина Богданци има соодветен капацитет и стратешки е определена да ја подобри деловната клима, да привлече инвестиции и да го стимулира локалниот економски развој.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
705607

Посетители

1147639
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
825
1864
2689
32135
1147639

Server Time: 2017-09-26 14:14:54
Joomla template by Joomlashine.com