Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Корисни линкови

 

Министерства, Влада, Претседател

 

  • Влада на Република Македонија

http://www.gov.mk

  • Министерство за животна средина и просторно планирање

http://www.moepp.gov.mk

  • Министерство за здравство 

http://www.zdravstvo.gov.mk

  • Министерство за култура 

http://www.kultura.gov.mk

  • Министерство за надворешни работи 

http://www.mfa.gov.mk/

  • Министерство за образование и наука 

http://www.mofk.gov.mk

  • Министерство за одбрана 

http://www.morm.gov.mk/

  • Министерство за финансии 

http://www.finance.gov.mk

  • Министерство за внатрешни работи 

http://www.mvr.gov.mk

  • Министерство за правда

http://www.pravda.gov.mk

  • Министерство за транспорт и врски

http://mtc.gov.mk

  • Министерство за економија

http://www.economy.gov.mk

  • Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

http://www.mzsv.gov.mk

  • Министерство за информатичко општество и администрација

http://www.mio.gov.mk

  • Министерство за локална самоуправа

http://www.mls.gov.mk

  • Министерство за труд и социјална политика

http://www.mtsp.gov.mk

  • Претседател на Република Македонија 

http://president.gov.mk

  • Собрание на Република Македонија 

http://www.sobranie.mk

 

Институции во Р.М

  • Агенција за информации 

http://www.sinf.gov.mk

  • Агенција за иселеништво 

http://www.emigration.gov.mk/

  • Агенцијата за млади и спорт 

http://www.ams.gov.mk

  • Агенцијата за развој и инвестиции 

http://www.adi.gov.mk

  • Биро за заштита на индустриска сопственост 

http://www.ippo.gov.mk

  • Државен завод за статистика 

http://www.stat.gov.mk/

  • Јавно претпријатие Македонска радиодифузија 

http://www.jpmrd.gov.mk

  • Народна банка 

http://www.nbrm.gov.mk

  • Службен весник на РМ 

http://www.slvesnik.com.mk/

  • Совет за радиодифузија 

http://www.srd.org.mk

 

Останати

Новости

Штип, Богданци, Гази Баба и градот Скопје се новите единици на локална власт кои се стекнаа со печатот на бизнис пријателски општини

         

Штип, Богданци, Гази Баба и Градт Скопје се новите единици на локална власт од Република Македонија кои се стекнаа со регионалниот сертификат за бизнис деловно опкружување (Business Friendly Certification in South East Europe (BFC SEE). Во општините Прилеп, Битола и Илинден процесот на сертифицирање е во тек. Пред повеќе од две години со овој стертификат се стекнаа и општините Велес и Струмица, но тие не се пријавија за  ресертификација со што, во согласност со стандардите на Програмата, го изгубија статусот на БФЦ СЕЕ сертифицирана општина. БФЦ СЕЕ Програмата претставува единствена иницијатива во регионот на Југоисточна Европа, која влијае на креирањето на побрза и поефикасна администрација, која треба да ги отстрани пречките и да овозможи  услови за забрзан развој на стопанството, подобри резултати во привлекувањето на домашни и на странски инвестиции и воведување на нови технологии, креирање на нови работни места и модернизација на општеството. Затоа се предвидени 12- кристериуми што  општината треба да ги исполни  за да го добие печатот на општина која е подготвена да даде квалитетна поддршка на постојната бизнис заедница и на потенцијалните инвеститори.

Свеченото доделување на сертификатите се одржа на четвртиот по ред Регионален конгрес на БФЦ  СЕЕ Програмата, што се одржа на 9 мај, 2016 година во Подгорица. Сертификати добија и две општини од Република Хрватска,  една општина од Република Србија, по четири  општини од Федерација БИХ и Република Српска. Во согласност со  BFC SEE стандардот досега во четирите земји од регионот вклучени во Програмата,  сертфицирани  се вкупно 26 локални власти во регионот, кои се подготвени да пружат квалитетна услуга на 105.000 претпријатија и на потенцијаслни инверститори од целиот свет. Република Црна Гора на овој настан и официјално се приклучи на БФЦ СЕЕ регионалната мрежа , во која заинтересираните локални власти ќе започната со процесот на  утврдување и исполнување на утврдените 12-критериуми од  оваа Програма, при што најави дека веќе шест општини пријавиле подготвеност да започнат со процесот.

На Конференцијата учествуваа голем број на министри, градоначалници и стопанственици од регионот, кои говореа за полезноста на сертификатот, достигнатиот напредок во развивањето на локалната економија и привлекувањето на нови бизнис инвеститори, како и за предизвиците со кои се соочувале локалните власти во текот на сертифицирањето. Од Република Македонија присуствуваше министерката за локална самоуправа, Ширет Елези. Таа изрази задоволство што единиците на локална самоуправа од земјата покажуваат  интерес за надградување на своите капацитетити и во делот на зајкунување на локалниот економски развој. Министерката Елези говореше за процесот на децентрализација во Република Македонија, за политиката на рамномерниот регионален развој и за Владината програма за развој на општините, каде акцентот е ставен и на создавање економски посилни, развојно ориентирани и инклузивни единици на локалната самоуправа.

На Конференцијата, освен претставници од четирите новосертифицирани единици на локална власт кои го добија БФЦ СЕЕ сертификатот, присуствува и претставници од ЗЕЛС. Всушност ЗЕЛС и ССК го претставуваат Националниот технички секретаријат во Република Македонија за Програмата БФЦ СЕЕ. Во името на македонските сертифицирани општини,  на организираната панел дискусија на тема  „ Од стандардот  за поволно деловно опкружување до економски раст и нови инвестиции“   говореше   Анастасија Олумчева, градоначалничка на општина Богданци. Таа  ги истакна искуствата на мекдонските општини и придобивките кои ги имаат со воведувањето на електронскиот систем за издавање на градежни дозволи, кој е управуван од страна на ЗЕЛС. Таа нагласи -  „Благодарение на континуираната поддршка на ЗЕЛС, локалните власти од нашата земја станаа лидери во регионот во користењето на електронски решенија за обезбедување услуги кон граѓаните. Електронската апликација „ Е - градежна дозвола“ е првата „извозна“ алатка на Заедницата. Нашата држава, според извештајот Doing Business, на Светска банка за 2015 година, е рангирана на 10-то место во светот и второто во Европа, токму во делот на критериумот за издавање градежни дозволи“. Дека „Е-градежната дозвола“ е важна за општините, а непосредно и за инвеститорите, потврда е и 4-от критериум од Програмата “Општина со поволно деловно опкружување-BFC SEE”- Систем на услуги за добивање на градежна дозвола,  што претставува збир од фактори и услови кои треба да ги исполни општината за да инвеститорот има јасна слика за  колку пари и време му се потребни за реализација на било која инвестиција.

Конференцијата ја организираше Министерството за финансии на Црна Гора и Регионалниот технички секретаријат на BFC SEE Програмата  а со поддршка на ГИЗ Отворениот фонд за модернизација на општинските услуги.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48
Joomla template by Joomlashine.com