Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Кирил Петрушев - револуционер и општественик

 

     Се родил во 1895 година, починал во 1980 година.
     Во македонското револуционерно движење учествувал од 1914 година.
    Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. На 24 јуни 1944 година, во делегација со Методија Андонов - Ченто и Емануел Чучков, бил кај Јосип Броз Тито на разговор за македонското прашање.
    Бил член на АСНОМ, Министер за внатрешни работи во првата влада на Народна Република Македонија и Министерство за труд.
     Поради политичко несогласување бил разрешен од сите функции, затворен и пензиониран.
 

Новости

Посета на саем за земјоделство во Нови Сад

Земјоделците од општина Богданци деновиве(од 16-18.05.2016 год) имаа можност да присуствуваат на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија.

На саемот во Нови Сад присуствуваа 7 претставници од деловниот сектор, земјоделската задруга Агро Богданци  и индивидуални земјоделци, а на него беа презентирани земјоделска механизација, опрема и резервни делови, храна и пијалоци, растителоно производство, сточарство, амбалажа, агроиновации…

Посетата беше реализирана во соработка на општина Богданци со Федерацијата на фармери на Р.Македонија согласно Годишниот План за посета на саеми за 2016 година кој е составен дел на Програмата за активности на општина Богданци во областа на Локалниот Економски Развој во 2016 година. со цел да се разменат искуства и да се види практичната примена на иновациите во аграрот.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com