Општина Богданци                                                                                          

Новости

Наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“

Почитувани,
ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје Друштво за управување со отпад во соработка со општина Богданци организира наградна игра под мотото ,,Да рециклираме и да се наградуваме,, чија цел е собирање на електричен и електронски отпад, намалување на штетното влијание врз животната средина, еколошките ризици како и здравјето на луѓето.
Контејнерот за собирање на овој тип на отпад,  ќе биде пренесен од автобуската станица (каде што се наоѓа секој ден), на просторот за паркирање, веднаш под општината ( 24 часа надзор). Примање на отпад од 08 до 16 часот, секој ден освен сабота,  недела и за време на празниците.
Времетраењето на наградната игра е во период од 28.11.2016г до 26.12.2016г. 
Право на учество во наградната игра има секое полнолетно лице. Со доставување на електричен и/или електронски отпад лицето добива купон, на кој ќе има реден број и печат од организаторот. Едната половина од купонот останува  кај организаторот за да учествува во наградната игра (купонот го става во затворена кутија лицето кој донел отпад).  Купоните ќе се подигнат, по оставање на отпадот во контејнерот во присуство на одговорно лице од општината (соба бр.4,приземје,  зграда,,Изворски,,).Кутијата ќе се чува кај одговорното лице од организаторот до денот на извлекувањето.
За електричниот односно електронскиот отпад ќе се добиваат 1 (еден) или 2 (два) КУПОНА, според Листа на видови производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема (во прилог ја имате листата на отпад кој може да биде донесен). 
Се доделуваат три награди и тоа:
ЛАП ТОП HP 250 G5, ТВ HJUNDAI 32 LED SMART и правосмукалка Gorenje.
Извлекувањето ќе се одржи, последниот ден од времетраењето на наградната игра,во 15:30час, во ДОМ НА КУЛТУРА ,,БРАНД ПЕТРУШЕВ“, во присуство на 3 (три) члена комисија и тоа еден член од ЕЛКОЛЕКТ и два члена од општината.
Резултатите од наградната игра ке бидат објавени на интернет страната www.elkolekt.mk  , facebook, твитер, како и на веб страната на општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk.
Пред да бидат доделени наградите, добитниците ќе бидат контактирани за да се провери нивната достапност. Наградите може да се подигнат најдоцна до 31.01.2017г., од просториите на општина Богданци. Добитниците не можат да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната награда, ниту пак за било кој друг производ од асортиманот.
Доколку добитникот од било кои причини не може да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на организаторот.
Го очекуваме Вашето учество.
Со почит,
 
Лице за контакт/Одговорно лице
  Јованка Ампова
Општина Богданци
ул.Маршал Тито бр.62
Богданци
тел. 034 222 333- централа
        034 221 332
моб. 078 321 586
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
634682

Посетители

1034228
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
672
1085
8012
30904
1034228

Server Time: 2017-06-26 13:56:32
Joomla template by Joomlashine.com