Општина Богданци                                                                                          

Новости

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Р.М. бр.190/17), кои влегоа во сила на 01.01.2018 година, имателите на бесправни објекти на кои заклучно со 03.03.2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект заедно со целокупната потребна документација најдоцна до 31.12.2018 година.

Барателите на кои до денот на започнувањето на примената на законот им било одбиено барањето поради некомплетирана документација, можат да поднесат ново барање за утврдување на правен статус на бесправен објект заедно со целокупната потребна документација најдоцна до 30. 06.2018 година.

Согласно измените на законот, пак, за имателите на бесправни објекти кои имаат поднесено барање за легализација во 2015 и 2016 година рокот за доставување на геодетски елаборат е 30.06.2018 година.

Барателите кои во законските рокови нема да ја достават потребната документација, надлежниот орган ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен обејкт.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
810984

Посетители

1324450
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
2418
2333
4751
25473
1324450

Server Time: 2018-01-16 19:20:18
Joomla template by Joomlashine.com