Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Борис Бојаџиев

   Борис Бојаџиев е роден 05.02.1918 година, а починал на 28.06.2008 година.   Избран е за прв Претседател на Општина Богданци. Територијата на Општина Богданци тогаш била поголема од сегашната, тука припаѓала и Богородица, а подоцна и Дојран со околните села. Од мало рурално село (2300 жители) Богданци прераснува во модерно мало гратче (6000 жители)  со целосна инфраструктура. Изградени се канали за наводнување на нивите. Изградени се повеќе објекти: општинската зграда, хотел-ресторанот, повеќе станбени згради. Тогаш е обликуван и центарот на Богданци, отворена и поплочена со коцки главната улица, направен е паркот, шеталиштето, тротоарите,...Изграден е водовод, канализација, воведена е електрична енергија, изградена е поштата, магацинот. Формирани се повеќе претпријатија: комуналното, „Млаз“ (името е дадено токму од  Борис Бојаџиев), „Изворски“. И ресторанот во Стојаково е изграден за време на неговиот мандат. По завршувањето на Претседателскиот мандат, Борис Бојаџиев продолжува да извршува повеќе важни функции: бил Директор на ГП „Пелагонија“, Заменик Директор во ЗИК „Изворски“ и друго. Како пензионер беше член и на Советот на обновената општина Богданци.

Новости

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЛЕНОВИТЕ НА НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

         Општинската Изборна Комисија Богданци денес, 20.10.2017 година, им ги додели Уверенијата на новиот Градоначалник, Блаже Шапов и членовите на новиот состав на Советот на општината.

         Претседателката на ОИК Богданци, Венера Зелева, во своето обраќање на сите учесници во изборниот процес им ја честита победата и им посака успешна работа.

      Уверенија за членови на Советот на општина Богданци добија седум кандидати од листата на Коалицијата предводена од СДСМ и четворица кандидати од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

          Членови на Совет:

1.      Драгица Ѓавочанова

2.      Александар Семенпеев

3.      Митко Ѓаваталиев

4.      Пандорка Шапкарова

5.      Ангелина Арнаудова Каракабаков

6.      Ристо Киров

7.      Елена Шутарова

8.      Снежана Енџекчева

9.      Ристо Ичков

10.  Ѓорѓе Костадинчев

11.  Емилија Минева

 

Наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“

Почитувани,
ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје Друштво за управување со отпад во соработка со општина Богданци организира наградна игра под мотото ,,Да рециклираме и да се наградуваме,, чија цел е собирање на електричен и електронски отпад, намалување на штетното влијание врз животната средина, еколошките ризици како и здравјето на луѓето.
Контејнерот за собирање на овој тип на отпад,  ќе биде пренесен од автобуската станица (каде што се наоѓа секој ден), на просторот за паркирање, веднаш под општината ( 24 часа надзор). Примање на отпад од 08 до 16 часот, секој ден освен сабота,  недела и за време на празниците.
Времетраењето на наградната игра е во период од 28.11.2016г до 26.12.2016г. 
Право на учество во наградната игра има секое полнолетно лице. Со доставување на електричен и/или електронски отпад лицето добива купон, на кој ќе има реден број и печат од организаторот. Едната половина од купонот останува  кај организаторот за да учествува во наградната игра (купонот го става во затворена кутија лицето кој донел отпад).  Купоните ќе се подигнат, по оставање на отпадот во контејнерот во присуство на одговорно лице од општината (соба бр.4,приземје,  зграда,,Изворски,,).Кутијата ќе се чува кај одговорното лице од организаторот до денот на извлекувањето.
За електричниот односно електронскиот отпад ќе се добиваат 1 (еден) или 2 (два) КУПОНА, според Листа на видови производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема (во прилог ја имате листата на отпад кој може да биде донесен). 
Се доделуваат три награди и тоа:
ЛАП ТОП HP 250 G5, ТВ HJUNDAI 32 LED SMART и правосмукалка Gorenje.
Извлекувањето ќе се одржи, последниот ден од времетраењето на наградната игра,во 15:30час, во ДОМ НА КУЛТУРА ,,БРАНД ПЕТРУШЕВ“, во присуство на 3 (три) члена комисија и тоа еден член од ЕЛКОЛЕКТ и два члена од општината.
Резултатите од наградната игра ке бидат објавени на интернет страната www.elkolekt.mk  , facebook, твитер, како и на веб страната на општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk.
Пред да бидат доделени наградите, добитниците ќе бидат контактирани за да се провери нивната достапност. Наградите може да се подигнат најдоцна до 31.01.2017г., од просториите на општина Богданци. Добитниците не можат да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната награда, ниту пак за било кој друг производ од асортиманот.
Доколку добитникот од било кои причини не може да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на организаторот.
Го очекуваме Вашето учество.
Со почит,
 
Лице за контакт/Одговорно лице
  Јованка Ампова
Општина Богданци
ул.Маршал Тито бр.62
Богданци
тел. 034 222 333- централа
        034 221 332
моб. 078 321 586
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090820

Посетители

1717974
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
185
1934
3838
39719
1717974

Server Time: 2018-08-22 02:08:08
Joomla template by Joomlashine.com