Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Борис Бојаџиев

   Борис Бојаџиев е роден 05.02.1918 година, а починал на 28.06.2008 година.   Избран е за прв Претседател на Општина Богданци. Територијата на Општина Богданци тогаш била поголема од сегашната, тука припаѓала и Богородица, а подоцна и Дојран со околните села. Од мало рурално село (2300 жители) Богданци прераснува во модерно мало гратче (6000 жители)  со целосна инфраструктура. Изградени се канали за наводнување на нивите. Изградени се повеќе објекти: општинската зграда, хотел-ресторанот, повеќе станбени згради. Тогаш е обликуван и центарот на Богданци, отворена и поплочена со коцки главната улица, направен е паркот, шеталиштето, тротоарите,...Изграден е водовод, канализација, воведена е електрична енергија, изградена е поштата, магацинот. Формирани се повеќе претпријатија: комуналното, „Млаз“ (името е дадено токму од  Борис Бојаџиев), „Изворски“. И ресторанот во Стојаково е изграден за време на неговиот мандат. По завршувањето на Претседателскиот мандат, Борис Бојаџиев продолжува да извршува повеќе важни функции: бил Директор на ГП „Пелагонија“, Заменик Директор во ЗИК „Изворски“ и друго. Како пензионер беше член и на Советот на обновената општина Богданци.

Новости

Медицинари од општина Богданци на саем за медицина во Белград

 

        Во периодот од 08-09.10.2016 претставници од приватниот сектор од областа на медицина, стоматологија и фармација од општина Богданци го посетија мегународниот саем за медицина во Белград.
              Посетата ја организираше општина Богданци (оделение за ЛЕР) во рамки на годишниот план за посета на саеми за 2016 составен дел на програмата за локален економски развој. Целта на посетата беше медицинарите да се информираат за новитетите во медицинската, лабораториската, стоматолошката опрема и средства, фармацевски и други производи и услуги од областа на медицинатa.
  .

Започна изградбата на првиот објект во индустриска зона “Горни Чаир“ на локалниот пат Стојаково-Ѓавато

Започна изградбата на првиот објект во индустриска зона “Горни Чаир“ на локалниот пат Стојаково-Ѓавато, инвестиција на компанијата ДПТУ „ФуелТанкс Цистерна“ ДООЕЛ Гевгелија. Инвеститорот стана сопственик на парцела во претходна државна сопственост, со површина од 3507м2, на која планира да изгради објект со површина од 800м2.

Изведувач на градбата е „Универзал градба„ ДООЕЛ Струмица.

    

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090820

Посетители

1717974
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
185
1934
3838
39719
1717974

Server Time: 2018-08-22 02:08:08
Joomla template by Joomlashine.com