Општина Богданци                                                                                          

Новости

Започна реализација на втора фаза од Реконструкција на влез во Богданци

Започна изградбата на Канализација со пречистителна станица во Селемли, финансиран од Влада на РМ, од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2015 година

Започна изградбата на Канализација со пречистителна станица во Селемли, финансиран од Влада на РМ, од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2015 година, под мерка 321.3 Инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места-села до 1500 жители.
Вкупната вредност на објектот изнесува 11.138.344,50 денари.
Изведувач на градежните работи е Друштво за градежништво Изгрев Инженеринг ДООЕЛ Велес, со Договор бр.05-33/1 од 05.01.2016 година.

Со изведба на овој објект Селемли за прв пат ќе добие приклучување на канализационен систем и еколошка заштита на акумулацијата за наводнување Селемлиска брана, со пречистување на отпадните води кои ќе се вливаат во истата. Воедно, Селемли ќе биде прво населено место во општина Богданци со третман на отпадни канализациони води преку пречистителна станица

Број на гледања на артикли
1008637
Joomla template by Joomlashine.com