Општина Богданци                                                                                          

Новости

ПРИЕМ НА НАГРАДЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ОД НАТПРЕВАРОТ „МАТЕМАТИКА БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2017 КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

 

 

Учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци на ден 21.11.2017 година остварија со Градоначалникот, Блаже Шапов, по повод постигнатите резултати од меѓународниот натпревар „Математика без граници“ 2017 – Есенски круг под менторство на наставниците Адријана Тодорова и Драгица Ѓавочанова.

Натпреварот се оддржува веќе неколку години по ред во Бугарија со учесници од речиси сите држави во Европа. Истиот се организира во три круга (есенски зимски и пролетен) во нашите училишта со задачи кои ги праќа организаторот. Со освоен медал се оди во финале кое се оддржува во Несебар во периодот јуни-јули секоја година. Во овој круг учество зедоа околу 100 ученика од ООУ „Петар Мусев“ и СОУ „Богданци“ и голем дел од нив освоија медали.

По тој повод,наградените ученици заедно со нивните наставници во кабинетот, со Градоначалникот ги споделија своите искуства од натпреварот, своите идни планови и желби. Градоначалникот, Блаже Шапов, им го честита постигнатиот успех на учениците и нивните наставници и им посака уште поголеми резултати во идните активности и проекти. 

 
 

ДРАГИЦА ЃАВОЧАНОВА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

На денешната конститутивна седница на Советот на општина Богданци, на која присуствуваше и новоизбраниот градоначалник Блаже Шапов, советничката Драгица Ѓавочанова од СДСМ, со  11 (единаесет) гласа “ЗА“ беше избрана  за нов претседател на Советот на општина Богданци.

Новиот Совет на општина Богданци брои 11 (единаесет) членови, и тоа 7 (седум) од Коалицијата предводена од СДСМ и 4 (четворица) членови од коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Конститутивната седница до изборот на Претседател на Советот ја водеше најстариот советник, Снежана Енџекчева, по што беше извршена верификација на мандатите на советниците и избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања. По изборот седницата ја водеше новоизбраниот претседател, Драгица Ѓавочанова.

Во своето обраќање Таа им ги честита мандатите на советниците, им се заблагодари за добиената поддршка и ја изрази својата надеж за плодна и успешна соработка во наредниот четиригодишен мандат.

Број на гледања на артикли
1008637
Joomla template by Joomlashine.com