Општина Богданци                                                                                          

Настани

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР - МАТЕМАТИКА БЕЗ ГРАНИЦИ

Во периодот од 30.06 до 01.07. 2018 година во Несебар, Бугарија се одржа Финалето на V Меѓународен турнир "Математика без граници" .  Во финалето учествуваа 1300 ученисници од 15 земји финалисти: Бугарија, Австралија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Македонија, Малта, Русија, Романија, Турција, Узбекистан и Филипини. Македонија учествуваше  по втор пат во финале со 42 учесника меѓу кои и учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“ Богданци. Наградени ученици од Богданци се: Ивана Ѓорбашлиева, Илија Чрчев и Дори Иванова, сите со бронзени медали а останатите учениците се здобија со пофалници за учество.

      

 

Одговорниот организатор за Македонија на овој турнир, Адријана Тодорова, наставник по математика во ООУ „Петар Мусев“ Богданци, го доби највиското признание на турнирот доделено на наставник- странец за мотивациона дејност во областа на математиката и организациона дејност за турнирот, кое и беше доделено од Градоначалникот на Општина Несебар, под чие покровителство е и турнирот.

 

Наставници од Богданци кои, исто така, добија признание за залагање во севкупната организација на  турнирот се: Драгица Ѓавочанова, Адријана Тодорова и директорот на ООУ „Петар Мусев“, Атанас Нанчев.

Честитки до учениците и наставниците и огромна благодарност до спонзорите: Општина Богданци, Баџо ДООЕЛ, казино Фламинго, ООУ,, Петар Мусев,,  СОУ ,,Богданци,, и родителите на учениците кои овозможија да се учествува на овој натпревар. 

Учениците – учесници испраќаат  порака : ,, Се гледаме догодина на истото место бидејќи математиката не познава ниту расни, ниту георгафски граници,, .

 

 

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ ПЕТАР МУСЕВ БОГДАНЦИ

По повод патрониот празник на ООУ „Петар Мусев“ Богданци, 26.04.2018 година, Здружението на борците од Богданци и Гевгелија, членови на Советот на општина Богданци и ученици положија свежо цвеќе на бистите на паднатите борци во Градскиот парк во Богданци.

На настанот свое обраќање имаше г-дин Димитар Чакалов, кој како претставник на Здружението на Борци го истакна значењето на овој ден и даде ретроспектива на случувањата.

По завршување на настанот претставници од Здружението на Борци имаа прием во Кабинетот на Градоначалникот, Блаже Шапов.

Имплементиран проектот И јас сум дел од заедницата во населените места Ѓавото и Селемли

 

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија во соработка со општина Богданци во рамки на проектот  „И јас сум дел од заедницата“ кој е финансиски поддржан од Civika Mobilitas – Скопје на ден 30.01.2018 успешно реализира отворени дискусии во населените места Ѓавото и Селемли.

Проектот  се спроведува во  општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Главната цел на проектот е подигање на свеста за активно учество во креирање на политиките на локално ниво во руралните населени места  како и интензивирање на соработката со локалната самоуправа и жителите од руралните средини во наведените четири општини со интерактивна и одговорна соработка на локалната самоуправа. Клучнaтa активност е организирање и реализација на 30 отворени  дискусии со локалното население во 30 рурални населени места под 500 жители за надлежностите и ингеренциите на Советот на општините и Градоначалникот,  начините и формите на нивното учество во донесување одлуки за решавање на локалните проблеми.

На крајот од проектот ќе биде изработен извештај од проектот со акцент на заклучоците и постигнатите резултати после извршената евалуација на проектните активности во 100 примероци и овие брошури ќе бидат дистрибуирани на сите советници во наведените општини со цел овие заклучоци, забелешки и предлози бидат разгледани од страна  на локалната самоуправа и Советите на општините заради осознавање на фактичката состојба во овие населени места и преземање на соодветни мерки и активности.

КОЛЕДАРСКИ ОГАН ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Почитувани, имаме голема чест да ве поканиме да присуствувате на традиционалното палење на коледарскиот оган.

Во Богданци настанот ке се оддржи во Петок, 05.01.2018 година, во Гратскиот парк со почеток во 18 часот.

Настанот е во организација на општина Богданци со поддршка на Лебопекара ММ и Солун 53 маркети.

Во Сабота, 06.01.2018 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ке се оддржи во населено место Стојаково збогатен со оддржување на забавна програма во Домот на култура Стојаково со почеток во 20 часот. 

 

РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“

 

Резултати од извлекувањето на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ која се одржа на 26.12.2016г.

  Извлечени купони:
1. За награда LAP TOP 250G5 - купон со реден број   01 07 15
2. За наградаTV Hjundai 32 led smart - купон со реден број      00 90 25
3. За награда Правосмукалка -купон со реден број       01 07 04
 
Доколку до 31.01.2017год. извлечените добитници не се јават во општина Богданци, тогаш наградите ги добиваат следните извлечени купони: 
 
1. 01 06 91
2 .01 06 87
3. 01 06 86
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1126057

Посетители

1773210
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
363
1109
4746
35152
1773210

Server Time: 2018-09-20 05:09:43
Joomla template by Joomlashine.com