ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОДДРЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ ОТВОРЕНА ВРАТА ЗА КУЛТУРНА РАЗМЕНА – ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА ИДНИНА

Општина Богданци во партнерство  со општина Ќустендил од Република Бугарија, започнува со реализација на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“.

По тој повод, денес, во салата на Советот на општина Богданци беше оддржана прес конференција со почеток од 11:00 часот на која присуствуваа Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, проект координаторот Ирена Ѓоргиевска и проект тим лидерот, Илијан Митков Фусков.

Проектот ќе се реализира со средства обезбедени од ИПА – Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а рокот предвиден за завршување на активностите е Декември 2015 година. Фокусот на истиот е да се изгради трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Ќустендил и Богданци, преку културна размена и зачувување на културното наследство на територијата на овие две општини.

Активностите ќе се спроведуваат главно во две насоки:1) Прекугранична културна соработка преку организација на заеднички културни настани и активности  и 2) реконструкција на инфраструктурни објекти од областа на културата со цел нивно трајно ставање во функција.

Проект координаторот, Ирена Ѓоргиевска, објасни дека реализацијата на проектот ја сочинуваат повеќе активности, а една од најголемите за општина Богданци е реконструкцијата на Домот на културата „Бранд Петрушев“. Истата опфаќа замена на кровот и подот, обнова на ѕидовите, реновирање на кино салата, аудио и видео опрема. Помеѓу другите активности објасни дека предвидени се уметнички настани со фолклорни настапи, како и поетски и ликовни работилници на кои ќе се презентира традицијата и културата на двете општини. Традициите – културни, фолклорни и историски ќе бидат презентирани во каталог со уникатен дизајн, а резултатите и мапирањето додаде дека ќе бидат претставени и на ЦД.

Градоначалникот, Анастасија Олумчева го објасни значењето на овој објект за граѓаните на општина Богданци, кој е изграден во 1962 година, кога прераснал во самостојна библиотека и го добил името на починатиот сопственик на книгите кои биле зародишен фонд, Бранд Петрушев. Низ годините, овој објект бил база за културен и образовен прогрес на населението во општина Богданци, преку оддржување на филмски проекции, драмски претстави, настани од јавен карактер и дом на градската библиотека.

Имајќи во предвид дека општина Богданци денес не располага со никаков центар за развој на културата, ниту било каков простор за оддржување на јавни настани, со реконструкција и надградба на истиот би се исполнил со содржини кои се секојдневна потреба на населението, со цел да се овозможи негова самоодржливост, во функциолна, економска и енергетска смисла

 
Број на гледања на артикли
1015249
Joomla template by Joomlashine.com