ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

По повод  акцијата „Ден без автомобили“, денес со почеток во 10:30 часот учениците од ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково, СОУ „Богданци“ и дечињата од ЈОУДГ „Коста Поп Ристо Делчев“ масовно се вклучија во истата.

Маршутата започна да се движи од центарот на Богданци преку новоасфалтираниот пат за Ѓавото до подрачното училиште на ООУ „Петар Мусев“ во с.Ѓавото.

По пристигање во дворот на основното училиште беше организирана и мала забава.

Целта на оваа активност е промоција на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, подобрување на условите и можностите за користење на овие алтернативни форми на сообраќај како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.

И Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, денес возеше велосипед и со тоа даде личен придонес во одбележувањето на овој дени во подигањето на јавната свест за зачувување на животната средина.

 
Број на гледања на артикли
1015249
Joomla template by Joomlashine.com