Општина Богданци                                                                                          

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ЗА ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

Општина Богданци, заедно со Гази Баба, Прилеп и градот Скопје се новите четири единици на локална самоуправа кои потпишаа договори, со кој чин и официјално започна процесот на сертифицирање за стекнување на регионален печат на локални власти со поволно деловно опкружување (БФЦ СЕЕ).

Сертификацијата на ЕЛС претставува исполнување на одредени стандарди, т.е. одредена гаранција дека постоечките стопанственици, како и потенцијалните инвеститори, добиваат услуги и информации на начин кој им ги олеснува работите кои спаѓаат во надлежност на локалната самоуправа. Сертификатот значи дека ЕЛС документирала и дека процесите и услугите кои ги спроведува во својата работа се во согласност со Критериумите. Понатаму, тоа значи дека стопанствениците можат да очекуваат и одредена помош и партнерски однос со ЕЛС, кога се во прашање работи и процедури кои спаѓаат во надлежност на институциите кои делуваат на национално ниво.

За таа цел,  на свеченоста организирана на 25 септември, 2014 година, во хотелот Александар Палас Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, го потпиша договорот за вклучување во процесот на сертификација заедно со Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС и г-дин Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Договорите ги потпишаа и Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје, Тони Трајковски, Градоначалник на Општина Гази Баба и Марјан Ристески, Градоначалник на Општина Прилеп.

Настанот беше организиран во рамките на одржувањето на втората Национална конференција „ Сертификација на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа”., што ја организираа Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) кои го сочинуваат Националното сертификационо тело за БФЦ СЕЕ Програмата.

На конференцијата, пред присутните градоначалници, претставниците од општинската администрација и истакнати бизнисмени, се обратија и заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, претседателката на ССК Даниела Арсовска, како и градоначалникот на општина Струмица и Претседателот на советот на општина Велес кои како претставници на општини кои веќе се стекнаа со овој регионален сертификат објаснија за големите придобивки кои ги нуди истиот.

Оваа година, во БФЦ СЕЕ програмата во процесот на сертификација, освен четирите единици на локална власт од Република Македонија, вклучени се и 11 општини од Република Србија, 5 општини од Република Хрватска, 9 општини од Федерација Босна и Херцеговина и 6 општини од Република Српска.

Програмата за сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Проектот е поддржан од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Подобрување на општински услуги при Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), финансиран од Германското сојузно министерство за соработка и развој.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1126057

Посетители

1773210
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
363
1109
4746
35152
1773210

Server Time: 2018-09-20 05:09:43
Joomla template by Joomlashine.com