Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Католичка црква

 

   Католичката парохија од источен обред во Богданци е од самиот почеток на Кукушката унија. Првата црква е изградена во 1884 година. Посветена е на светите браќа Кирил и Методиј, а ја осветил владиката Лазар Младенов.
   Интересно е да се спомене дека парохијаните се автохтони со еден дел дојдени од Паљурци.
 

Презентација на уметничкото и културно наследство на Ќустендил во рамки на настанот „Денови на ќустендилската култура во Богданци“

      Во периодот од 13 до 15 Ноември општина Богданци ќе биде домаќин на настанот под наслов „Денови на ќустендилската култура во Богданци“. Во рамки на настанот ќе има претставувања од различни области: ликовна изложба, поетско читање, концерт и форум. Во Сабота, на првиот ден од настанот со почеток во 16:30 часот па сè до вечерните часови, ќе се претставуваат млади уметници од областа на поезијата, ликовната уметност и музиката, додека во Недела ќе се одржи форум на тема: Перспективите на културната соработка помеќу Ќустендил и Богданци.  Настаните ќе се одржуваат во просториите на Домот на културата „Бранд Петрушев“ во општина Богданци и во истите свое учество ќе земат уметници од Богданци и уметници од Ќустендил.

      Оваа активност е дел од проектот “Отворена врата за културна размена-Градење на заедничка европска иднина, што општина Богданци ја имплементира во партнерство со општина Ќустендил, Република Бугарија, а се реализира со средства обезбедени ИПА - Програмата за прекугранична соработка  на Европската Унија. Фокусот на проектот е да се изгради трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Богданци и Ќустендил, преку запознавање со културата и уметноста од двата региони. 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
728399

Посетители

1187267
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
85
1396
8525
32308
1187267

Server Time: 2017-10-22 00:42:30
Joomla template by Joomlashine.com