Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Црква " Свети Атанасиј Велики" - Богданци

 

    Првичната црква во ова населено место била изградена во првата половина на 19 век, која со текот на времето неколкупати била обновувана главно со парични прилози на месното христијанско православно население.
    Во 1983/84 година е изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел.

ДЕНОВИ НА ЌУСТЕНДИЛСКАТА КУЛТУРА ВО БОГДАНЦИ

Во рамки на проектот за прекугранична соработка помегу општина Богданци и општина Ќустендил “Отворена врата за културна размена – градење на заедничка европска иднина”, делегација од општина Ќустендилво периодот од  13.11 до 15.11.2015 беше во посета на општина Богданци, домаќин на настанот под наслов „Денови на Ќустендилската култура во Богданци“.

Случувањата се одвиваа во реновираните простории на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци. На 14.11.2015 година (Сабота) во периодот од 11.00 до 13.00 часот се поставувапе изложбата на сликите кои беа цртани од страна на млади уметници од Богданци и Ќустендил на „Празникот на плодородието“ во Ќустендил. Потоа следуваше Претставување на ЦД Мултимедија за културното наследтво на Богданци од страна на Васко Марковски, а беше оддржан и форум на тема: Перспективите на културната соработка меѓу Ќустендил и Богданци. Во панел-дискусијата учествуваа претставничките на Општина Ќустендил Слава Соколова и Љубљана Начева, а како домаќини, Илија Тумбов - публицист и хроничар, Никола Шелдаров - археолог, Ристо Лазаров - музички педагог и етнологот Петар Стојчевски. Дел од програмата беше и поетскиот дел кој го отвори поетесата Светла Радкова од Ќустендил, а заврши со читање на поемата „Ако“ од Трајче Кацаров, која ја изведоа Цвета Ангелова и Тина Танчева, ученички од СОУ „БОГДАНЦИ“, под менторство на професорките Верица Ризовска и Соња Србова, а придружувани со клавир од професорот Бранко Сапламаев.

Отварањето на изложбата беше проследено со музичко интермецо во изведба на оркестарот од СОУ „Богданци“, предводен од проф. Ристо Лазаров.

Настанот беше заокружен со вечерниот концерт со кој се претставија детската вокална група „Калпазани“ од Ќустендил и група млади музичари од Богданци.

      

Оваа активност како дел погореспоменатиот проект  што општина Богданци ја имплементира во партнерство со општина Ќустендил, Република Бугарија се реализира со средства обезбедени од ИПА - Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. Фокусот на проектот е да се изгради трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Богданци и Ќустендил, преку запознавање со културата и уметноста од двата регионa.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1054547

Посетители

1659055
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
188
1840
8252
37952
1659055

Server Time: 2018-07-20 02:56:57
Joomla template by Joomlashine.com